Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Вежбањето јога во текот на бременоста е одличен начин да се грижите за вас и за вашето бебе. Јогата ќе ви помогне да ги подготвивте и телото и умот за сите предизвици и барања од бременоста, особено во третиот триместар. Јогата во текот на бременоста ќе ви помогне да направите простор за вас и за вашето бебе, како и за вашите внатрешни органи. Се разбира, правете го само она што ви изгледа правилно, избегнувајте повреди на мускулите и вежби со голем притисок. Постојат многу јога техники кои можат да ве подготват за породувањето во третиот триместар. Пред да пробате јога, разговарајте со вашиот лекар. На овој начин ќе знаете што може, а што не може да правите во оваа фаза. Во продолжение се некои од најпознатите јога вежби за трудници во третиот триместар.

1. Вежби за подготвување за породување

Овде во главно спаѓаат едноставни вежби направени со цел да ја намалат болката. Исто така овие вежби можат да помогнат во позиционирање на бебето. Можете да ја вклучите оваа техника во вежбите за загревање или во секојдневните вежби.

2. Мачка крава

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Ова е одлична вежба за издолжување на ‘рбетот и зајакнување на стомачните мускули. Позата е погодна за сите фази на бременоста. Ќе ви помогне да го зајакнете вашиот стомак додека тој продолжува да расте. Позата исто така го опушта грбот и ја подобрува циркулацијата на крвта и ‘рбетните течности. Обидете се да дишете абдоминално додека ја изведувате вежбата. На овој начин ќе го смирите умот, а ќе го намалите и утринското гадење. За најдобри резултати направете 5 повторувања.

3. Воин 2

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Оваа вежба е добра за зајакнување на стомачните мускули и нозете, како и за издолжување на ‘рбетот. Иако позата е малку предизвикувачка, може да ја намали болката во грбот за време на бременоста.

4. Мост

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Ако сакате да ги отворите колковите и да ги зајакнете задникот и стомачните, правете ја оваа вежба. Можете да ја изведувате во сите триместари. Започнете легнати на страна, па префрлете се на грбот. Подигнете го телото во положба на мост. Избегнувајте ја вежбата ако чувствувате неудобност во грбот.

5. Чевлар

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Оваа поза го подобрува здравјето на репродуктивниот систем. Во текот на бременоста помага во отворањето на карлицата и овозможува брзо и лесно породување. Исто така го смирува умот и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Седнете на подот и истегнете ги нозете. Свиткајте ги колената и спојте ги стапалата на средина. Исправете го грбот. Со дланките држете ги стапалата неколку секунди и пуштете ги. Повторете околу 4 пати.

6. Воин 1

Одлични јога вежби за последниот триместар од бременоста

Со оваа вежба ќе ги затегнете нозете и ќе ги отворите градите. Вежбата го подобрува здравјето на ‘рбетот и помага да направите простор за фетусот кој се развива. Поставете ги стапалата во растојание колку колковите. Свртете го левото стапало настрана, а десното нека биде свртено напред. Спуштете ја карлицата и исчекорете. Погледнете напред и кренете ги рацете над главата. Држете ја положбата што е можно подолго. Повторете и со другата нога напред.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар