Како да носите црни модни комбинации за време на летото?
Самата помисла на црните парчиња облека на високите летни температури не делува воопшто како добра идеја. Со оглед на тоа дека сите сме навикнати да одбираме лесни материјали со што посветли бои, црната боја често се занемарува за време на најтоплите месеци. Но, малиот црн фустан или високите црни потпетици се посакувани и секси комбинации дури и во текот на летото.

Пред да почнете, не заборавајте да одберете пријатен материјал. Црните комбинации можат убаво да изгледаат и на 30+ степени доколку ги разбиете со само еден посветол детаљ (на пример, накит или чевли). Па, доколку сакате да изгледате одлично, без притоа да делувате монотоно, погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да ја комбинирате црната облека во лето.
Дневна модна комбинација: црн топ + шорцеви во форма на здолниште + отворени сандали

Вечерна модна комбинација: црн фустан до под колена + високи црни потпетици

Модна комбинација за забава: црн кроп топ + црно молив-здолниште + проѕирни штикли со платформа

Романтична модна комбинација: црна блуза + широки црни пантолони + бели сандали

Модна комбинација за поладните летни вечери: црна кошула + црни фармерки + салонки со животински дизајн






























