Јога вежба од 3 минути за бистар ум

Уште одамна се зборува за предностите на јогата врз умот, телото и духот. Јогата е начин на живот, додава вредност во вашето постоење и ви помага да се поврзете со вашата суштина. Покрај тоа што ве одржува во форма, ви помага и да останете здрави. Со текот на годините се развиле многу видови јога, а секој вид може да ви помогне да водите позитивен живот и да бидете помирни и посреќни.

Јога вежба од 3 минути за бистар ум

Но, дали знаевте дека има јога само за вашиот мозок? Се верува дека овој вид јога може да ја подобри моќта на мозокот.

Супер јога за мозок е термин измислен од учителот Коа Чок Суи. Познато е дека се заснова на принципите на суптилната енергија и точките за акупунктура на увото. Па, можеби јогата за мозок е она што навистина ви е потребно.

Таа ќе ви помогне да го изострите вашиот ум, а наскоро ќе забележите и напредок во целокупното однесување. Овој вид јога ѝ помага на енергијата од подолните чакри да стигне до највисоката.

За овој вид јога ви се потребни само 3 минути. Во текот на овие 3 минути ќе ги синхронизирате левата и десната страна на мозокот. Мозокот ќе добие енергија, ќе му се зголеми интелектуалниот капацитет и ќе се зајакнат меморијата и концентрацијата. Јогата за мозокот е особено добра за пациентите со Алцхајмер, постарите луѓе и луѓето кои патат од губење на меморијата. Покрај тоа, таа е одлична и за деца бидејќи им помага во нивниот ментален развој.

Ушите се многу моќни точки за акупресура бидејќи имаат врска со мозокот. Масирањето на ушите ќе ви помогне да го зголемите дотокот на енергија до мозокот. Истражувачите сметаат дека енергијата која се создава на овој начин помага во балансирањето на енергијата во грлото, срцето, челото и слично.

На видеото во продолжение погледнете како да ја изведете оваа едноставна вежба.

Погледнете и кои физички активности се одлични за менталното здравје.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. БЛАГА Reply

    супер немам зборови многу корисно ,и здраво

Остави коментар