7 работи што никогаш не смеете да им ги кажете на мажите

Навистина е одлично да бидете вљубени, но жените често знаат да го навредат својот партнер. Ова не го прават намерно и често не им е јасно зошто тој е повреден. Постојат голем број работи кои мажите не сакаат да ги слушнат, а во продолжение погледнете некои од најчестите.

7 работи што никогаш не смеете да им ги речете на мажите

1. „Мамин син“

Повеќето мажи навистина се мамини синови, но нема потреба да им го кажувате тоа. Сепак, мајка им ги родила, хранела, одгледала и ги направила личностите коишто се денес. Нивната мајка ја одгледала личноста во којашто сте вљубени, па не можете да мислите дека тој ќе ја игнорира мајка си и ќе ве слуша само вас. Покрај тоа, нема потреба да ја спомнувате во секој разговор. Повеќето мажи се чувствителни кога станува збор за нивните мајки, впрочем како што и жените се чувствителни за нивните родители.

2. „Ти паѓа косата“

Повеќето мажи ја губат косата со текот на годините, но не сакаат да ги потсетувате на тоа. Како би се чувствувале ако партнерот ви каже дека сте се здебелиле? Или дека треба да јадете помалку чоколадо? Мажите се чувствителни за нивната коса, дури и кога велат дека не им е грижа. Секој маж сака да има густа и квалитетна коса, а кога ќе му кажете дека му паѓа, сигурно ќе му ја повредите машкоста.

3. „Мора да разговараме“

Штом ќе ги слушнат овие зборови, мажите мислат дека доаѓа неволја. Иако знаат дека нема потреба да се чувствуваат виновни, овие зборови им звучат како огромен проблем. Ако навистина постои некој проблем и треба да разговарате, направете го тоа. Но, никогаш немојте да го започнувате разговорот со оваа фраза.

4. Забелешки за неговите пријатели

Повеќето жени не ги сакаат пријателите на нивните мажи и мислат дека се лошо друштво. Ако вам не ви се допаѓаат и му го кажете тоа, ќе настане голем проблем. Од друга страна, ако премногу ви се допаѓаат, вашиот партнер може да стане љубоморен. Секогаш бидете внимателни кога разговарате за пријателите на партнерот. И вие можете да се најдете во иста ситуација – како би се чувствувале ако вашиот партнер постојано ги критикува или ги фали вашите пријателки?

5. „Постојано се однесуваш вака“

Ова се зборови што мажите не сакаат да ги чујат. Еден од најголемите проблеми кај жените е тоа што често генерализираат, па спомнуваат и нешта коишто се случиле пред 10 години и кои немаат врска со актуелниот разговор. Фокусирајте се на моменталните аргументи, а не на неговиот карактер и неговите општи верувања.

6. „Зарем не е привлечна?“

Ова е прашање за кое мажите знаат дека немаат вистински одговор. Ако ви одговори со не, може да си помислите дека не се сложува со вас. Ако се согласи со вас, може да се навредите.

7. „Мојот бивш партнер никогаш не го правеше тоа“

Никогаш немојте да го спомнувате или да го споредувате партнерот со бившиот. Што тој правел сега не е важно, а покрај тоа постои и причина зошто тој партнер е поранешен. Немојте да го нарушувате вашиот однос со овие разговори.

Прочитајте ги и овие интересни факти за умот и телото на мажите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар