Најчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓе

Манипулативните луѓе знаат што да кажат, како да кажат и на кого да кажат нешто. На овој начин го добиваат тоа што го сакаат од другите. Проблемот е тоа што нив воопшто не им е грижа за туѓите чувства и животи. Ако имате работа со ваква личност, важно е да ги знаете фразите кои најверојатно ќе ги употреби на вас.

Најчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓе

1. „Не претерувај“

Многу често овие луѓе ќе ви речат дека претерувате кога сакаат нешто од вас. Притоа ќе се обидат да се постават како ништо да не ви побарале. Немојте да им попуштате, вие не претерувате. Тие сакаат да ве искористат за да ги задоволат своите потреби, па ако вашиот инстинкт е да им кажете „не“, сторете го тоа.

2. „Не биди драматичен/на“

Покрај тоа што ќе ви речат дека претерувате, ќе ве обвинат и дека сте премногу драматични. За жал, ова сценарио е веќе драматично штом таа личност се обидела да влезе во вашиот живот за да го добие она што ѝ е потребно. Важно е да сфатите дека тие се оние драматичните и да не подлегнувате на нивната игра.

3. „Не биди толку чувствителен/на“

Со оваа фраза манипулативните луѓе веќе покажуваат дека не им е грижа за вашите емоции и за вашата ситуација. Без разлика што е она што го бараат од вас, нема потреба да им објаснувате зошто вие не им го давате. Нема потреба да ѝ помагате на личност која не се грижи за вас. Вашите чувства се важни и ако ви кажуваат дека не треба да ѝ помагате на таа личност, слушајте ги.

4. „Не биди луд/а“

Ако оваа личност има смелост да ве нарече луди, потребно е веднаш да се справите со тоа. Немојте да се заплеткувате во нејзините игри без разлика што ви вели. Ако се однесувате „лудо“ и тоа е рационален одговор на нивните желби и потреби, тогаш веројатно постои и причина за тоа.

5. „Не ме разбирај погрешно“

Оваа фраза често ја користат за крај. За жал, не постои друг начин да го сфатите нивното барање. Тие веќе ве сфатиле погрешно вас и ќе ве вознемируваат за нивна корист. Ништо не сте разбрале погрешно и не ѝ должите ништо на таа личност.

Погледнете кои се знаците дека некој манипулира со вас.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар