Италијанките го откриваат својот рецепт за убавина: 10 совети за правилна исхрана

Италијанките го откриваат својот рецепт за убавина: 10 совети за правилна исхрана

Дали е можно да се биде фит и елегантен во земјата на пиците, тестенините и сладоледот? И покрај нивните најпознати оброци, сепак Италија нема проблем со прекумерната тежина. Која е нивната тајна?

Италијанките го откриваат својот рецепт за убавина: 10 совети за правилна исхрана

1. Трикот е во балансирање и помали порции

Италијанките јадат почесто, но помалку. Тие не водат сметка за внесените калории, туку сопираат со јадење во истиот момент кога ќе се почувствуваат сити и ќе имаат место за само уште едно кафе. Исто така нивните порции се составени од ист број маснотии, јаглехидрати, скроб и протеини, додека често избегнуваат консумирање црвено месо.

2. Користат само маслиново масло

Маслиновото масло има одлична репутација во Италија, па токму затоа е и основната состојка на сите нивни оброци. Тие го користат како главно масло за салата, правење сос, па дури и за пржење. Скоро е невозможно да ја замислите италијанската кујна без него.

3. Консумираат многу свежа и сирова храна

Тоа особено се однесува на југот, во егзотичната Сицилија, каде секое јадење е збогатено со домати, зеленчук, зачини и лимон. Тестенините се служат со малку маслиново масло, домашен сос од патлиџани и оригано и секогаш се сервираат во мали порции.

4. Чести прошетки

Тие обожаваат да одат, па токму затоа и често се движат пешки. Без разлика дали само сакаат да прошетаат или пак, имаат обврски кои треба да се извршат, тие гледаат што повеќе да се движат. Исто така, за време на летото овие девојки одат често на викенди надвор од градот, каде што се физички многу активни.

5. Мали порции за појадок

Појадокот не се прескокнува во ниту една италијанска фамилија. Но, за разлика од другите народи во Европа, тие за појадок преферираат многу помали порции.

6. Ретко пијат газирани пијалаци

Вие многу ретко ќе забележите Италијанец да пие каков било газиран пијалак. Дури и кога сакаат да се напијат нешто такво, порачуваат само газирана вода. Тие исто така не пијат леден чај, ниту смуди, но без сомнение не можат да живеат без кафе.

7. За нив брзата храна е голем грев

Доколку некогаш сте имале можност да влезете во класичен италијански маркет, тогаш сигурно сте забележале дека делот со нездрава храна и газирани пијалаци е многу мал. Тие ретко грицкаат и скоро никогаш не јадат ваква храна. Но, наместо чипс, додека гледаат филм пред спиење, тие сакаат да јадат моцарела или овошје.

8. Пицата не е за секој ден

Колку и да ви звучи неверојатно, Италијанките не јадат често пица, ниту пак ви го препорачуваат тоа вам. Во Италија пицата е еден вид храна која се јаде за време на викендот, додека сте излезени во град со пријателите. Кога јадат пица, тие ја одбираат онаа која е богата со различни видови сирења и зеленчук и која има малку тесто и калории, а многу хранливи состојки.

9. Лесна вечера

Последниот оброк во Италија е резервиран за лесно јадење. Типичната вечера вклучува супа или мала порција тестенини сервирани покрај сирење или зеленчук.

10. Не држат диети

Италијанките не спаѓаат во онаа група девојки кои се склони кон диети и тешки вежби. Според нив, доколку сакате да ја намалите вашата телесна тежина, сè што треба да направите е да избегнувате пржена храна и како сос за тестенините да користите домашен сос од патлиџани и брокула, печурки… И најважно од сè, никогаш немајте грижа на совест додека јадете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. maja Reply

    Иако има исклучоци, италијанките главно не се убави жени.Всушност,често ќе видите и грди Италијанки. Имаат специфични остри црти на лицето,главно,често се и многу слаби, и вообичаено имаат кожа која е препечена на сонце и доста оштетена. Ова е вистина.

Напиши одговор на maja Откажи одговор