15 здодевни клишеа кои ќе ги слушнете после раскинување

15 здодевни клишеа кои ќе ги слушнете после раскинување

Значи, тоа е тоа. Готово е. Врската која мислевте дека ќе трае засекогаш, партнерот за кој мислевте дека е вистинскиот, животот кој го испланиравте – повеќе ги нема. Одеднаш вие повторно се враќате на сингл животот. И додека ви се чини дека сите околу вас се венчаваат, вие повторно мора да се вратите на сцената со состаноци и сѐ што опфаќа целата таа фаза.

Како што е редот, утехата ќе ја побарате во најблиските – колеги, најдобри пријателки, пријателки на пријателките, роднини, браќа, сестри, тетки, на жената од автобусот… листата е бесконечна. Но, без оглед на тоа кој ќе биде вашето рамо за плачење, можеме да ви гарантираме дека ќе ги слушнете овие 15 досадни клишеа – најверојатно повеќе од еднаш. Сигурни сме дека тие ви мислат добро, но еве како вие реагирате на тие „мудри“ мисли.

Photograph of couple ripped in half

1. „Прифатете ги работите како што доаѓаат.“

Која е алтернативата? Да земам еден слободен ден, да одлучам дека е ужасен и да ја прескокнам утредента?

2. „Ќе ти биде подобро откако преспиеш.“

Извинете, дали мислите дека ќе можам да заспијам? Дали пред или после гледањето на 1.537-те заеднички фотографии, прелистаниот Инстаграм и Твитер и гледањето на Фејсбук профилот на секој негов пријател, роднина и секое малку поврзано лице со него за да пронајдам некои траги во врска со тоа што правел тој денес?

3. „Нештата се случуваат со причина.“

Дали е тоа така? Набројте барем една добра причина зошто јас завршив вака, со чувство како срцето да ми е искорнато, скршено и згмечено.

4. „Времето е одличен исцелител.“

Ова може да биде вистина, но зошто ова клише е добро за мене токму сега? Вие ми кажувате дека треба да живеам со оваа болка подолго време пред да започнам да се чувствувам подобро?

5. „Ќе најдеш некој нов наскоро.“

Ова не е нешто што некој сака да го слушне, особено некој што се опоравува од идејата дека нема да го помине животот со личноста што ја сакал. Помислата да се биде во близина на некој нов е застрашувачка. Тоа всушност ја прави помислата да се биде сингл уште позастрашувачка.

6. „Тој не е вреден.“

За тебе може не вреди ништо, но во моите очи таа личност вреди сè.

7. „Постојат многу риби во морето.“

Сериозно? Дали навистина ми го кажуваш ова?

2-15-dosadni-klishea-koi-kje-gi-slushnete-posle-raskinuvanjeto-www.kafepauza.mk_

8. „Ќе ти биде подобро без него.“

Тоа може да биде точно, но тоа не значи дека некој друг може да го има.

9. „Уживај да бидеш сама со себе некое време.“

*одеднаш се чувствува уште поосамена*

10. „Никој не е достоен за тие солзи.“

А што го квалификува некого како вреден за солзи?

11. „Едноставно не било судено.“

Не ми даваш никаква утеха.

12. „Сè се враќа.“

Јас не би предизвикала ваква душевна болка на никого!

13. „Можеш да најдеш подобар.“

Ова никогаш не би го кажала додека бевме заедно, велеше дека сме совршени еден за друг. Знам дека ми го кажуваш ова за да се чувствувам подобро. Престани!

14. „Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора.“

Охх, те молаааамммм….

15. „Искористи ја оваа можност за да направиш нешто што порано не би го направила.“

Ова е можеби единствениот совет кој може да биде корисен. Да, можеби можам да патувам, да работам во странство, да ја прифатам работата што ја пропуштив, бидејќи не сакав да бидам во врска на далечина, да се преселам во омилениот град. Факт е дека можностите се бесконечни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар