Голотија на кило

Голотија на кило

Колку е добро чувството кога се сакаш себеси. Колку е глупо да си нарцис. Види вака, ти можеби имаш супер тело, задник од кој боли глава, и тоа ти е за браво. Можеш комотно да си се погледнеш во огледало горда на себеси или да прошеташ по улица и да добиеш комплименти, и тоа е во ред, но зошто би се рекламирала на интернет?

Риалити чек:

1. Позирањето во долна облека или во провокативни тесни здолништа не прави да изгледате јако, туку евтино.

2. Постои цела гарда на манијаци кои со нетрпение очекуваат ваша слика, а вие им ја давате на послужавник.Голотија на кило3. Постојат жени чија професија е да се соблекуваат по костими за капење и да се сликаат. Тие се викаат модели. Тие добиваат дебели чекови. Вас не ве плаќа никој.

4. Лајкот кој ќе го добиете на сликата не значи дека сте убава, дека некој ве цени или почитува како личност, значи дека му се допаѓа голотијата која сте му ја пружиле и задоволството кое тој го има од она што сте му го дале.

5. Провокативните фотографии не покажуваат дека имате многу самодоверба, туку дека немате воопшто. Инаку зошто би имале потреба од внимание на интернет?

6. Ќе ја дотераш сликата во царството на Фотошоп и ќе се дуеш како тесто на секој лајк. Многу ми е жал што не си таква во живо. Сигурно се чувствуваш глупаво кога ќе се погледнеш во огледало.

7. Мислиш дека жените се потценети и треба да уживаат повеќе права? Со секоја твоја нова слика, си го потценуваш целиот женски род.

8. Најверојатно за ништо друго не те бива штом сликите се единствен начин да дојдеш до внимание.

9. Некои мажи се кретени, ама ти со твоите слики си како магнет за будали. Па нормално дека има и добри мажи, само веројатноста е минијатурна дека некој од нив би те одбрал тебе.

10. Немам точка 10, а глупо е да завршам со 9.

Добро е да сме си убави и средени. Добро е кога човек се грижи за своето тело и се грижи да изгледа убаво и да биде убаво облечен. Јас сум ЗА високи потпетици, ама секогаш со вкус, со самопочитување, и најважно од сè, со памет.

Кога ќе имате 60 години и ќе се навратите наназад во годините, нема да ве исполнува фактот колку лајкови сте собирале, каде сте се „тагнале“ и како сте биле облечени. Ќе ве исполнуваат делата кои сте ги направиле.

„Две нешта се бесконечни. Универзумот и човековата глупост. Ама не сум баш сигурен за универзумот.“ – Алберт Ајнштајн

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. KATE Reply

    Bravo!

Напиши одговор на KATE Откажи одговор