Доколку навистина сакате некоја личност, ќе се борите за неа до крај!

Зошто продолжуваме да се бориме? Зошто остануваме во љубовна врска со некој и покрај тоа што тој или таа ни нанесува огромна болка? Зошто продолжуваме да ги сакаме оние, коишто не ја заслужуваат нашата љубов? Во процесот на сакање на таквите личности, губиме дел од себе. Ја губиме нашата самодоверба. Забораваме да ги погледнеме убавите нешта во животот.

Доколку навистина сакате некоја личност, ќе се борите за неа до крај!

Сето ова е навистина глупаво. Зошто се губиме себеси и зошто ги пропуштаме сите прилики и среќни моменти во живот, само поради некој што не нè заслужува? Зошто таа личност е првото нешто коешто ни се појавува во мислите секојпат кога ни е здодевно или се чувствуваме осамени? Зошто ни е во последната мисла пред да потонеме во сон? Зошто нашите умови се исполнети со мисли за таа личност, кога во суштина сè што е потребно, е да научиме како да продолжиме понатаму?

Зошто продолжуваме да се враќаме назад кон оние што нè повредиле?

Нели е доволно да погледнеме колку самите ние вредиме? Толку ли е тешко да забележиме дека заслужуваме нешто подобро, односно заслужуваме луѓе коишто навистина ни ја возвраќаат љубовта?Луѓе коишто сакаат да поминат време со нас, луѓе коишто го ценат секој најситен детаљ којшто го имаат со нас, луѓе коишто се чувствуваат благословено што сме дел од нивните животи?

Поточно кажано, не ли треба да бидеме среќни и да продолжиме со нашите животи? Не ли треба да бидеме среќни, што тие се среќни без нас? Не ли треба да се чувствуваме подобро и да сме на некој начин утешени од фактот дека личноста којашто ја сакаме ѝ е подобро сега без нас? Не ли треба едноставно да ја оставиме да продолжи да си чекори по патот, бидејќи го/ја сакаме и сакаме да е среќен/на, со или без нас? Не ли треба едноставно да се откажеме и да кренеме раце?

Не! Баталете го „легендарниот“ животен совет: „Ако го/ја сакате, оставете го/ја да си оди!“

Тоа е тотално невистинито! Другите луѓе постојано ќе ви кажуваат дека едноставно треба да продолжите понатаму, да се ослободите од мислите и чувствата за таа личност и дека заслужувате „некој подобар“. Овие совети се до некаде во ред и до некаде точни, но не сосема. Без разлика на фактите коишто ги знаете и се составен дел од вашата реална состојба, запрашајте се дали навистина можете да оставите некој којшто искрено го љубите? Дали навистина можете навистина да ѝ кажете „збогум“, знаејќи го фактот дека можеби таму некаде, постои некоја минимална шанса, одново да го изградите односот и да ги поправите скршените нешта?

Војникот не престанува да се бори, сè до неговиот или нејзиниот последен здив, односно до оној момент кога навистина дал/а сè од себе. Епа ако сметате дека тоа што сте го имале заедно била вистинска љубов, тогаш треба да размислувате како војник. Одете до крај, сè додека не дадете буквално сè што имате, тргајќи го вашето его и гордост настрана. За вашиот живот станува збор, заборавете што ќе кажат другите, живејте за себе и за својата среќа првенствено! Испратете ја таа ризична долга порака, прашајте ја личноста дали можете да разговарате очи во очи, побарајте уште една последна прегратка ако треба, побарајте од него/неа да ви даде шанса да започнете одново. Доколку таа личност навистина ви била судена, тој или таа ќе се врати назад. Бидете сигурни во тоа.

Подобро е да бидете повредни знаејќи дека сте се обиделе, дека сте се бореле за таа личност, дека сте се бореле за вас двајца, наместо да живеете во каење и тага дека сте оставиле некој да си оди од вашиот живот, туку-така. Подобро е да се борите и да не успеете во вашата цел, наместо вечно да се прашувате „Што ако…?“ или „Што ќе се случеше, доколку…?“

Ако навистина сакате некоја личност, вие ќе се борите за неа. Ќе се борите за она што сте го имале, ќе се борите за она што сакате да го имате во иднина. Ќе се изборите со болката.

Прочитајте и зошто љубовта подразбира напорна работа и зошто не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар