Што претставува менталниот замор и како да се ослободите од него?

Што претставува менталниот замор и како да се ослободите од него?

Можеби добро ви е познато чувството на постојан замор и летаргија, и покрај тоа што убаво се грижите за себе. Едноставно, вие чувствувате ментален замор. Веројатно постојат ментални и емоционални проблеми што го тераат вашиот мозок постојано да се чувствува нападнат. Може да биде навистина тешко да се ослободите од ова, но не е невозможно. Всушност овие ментални стратегии не само што ќе ви помогнат да се ослободите од менталниот замор, туку ќе ја зголемат и вашата продуктивност.

Што претставува менталниот замор и како да се ослободите од него?

1. Разгледајте ги вашите вредности и запрашајте се дали делувате во согласност со нив

Една од најчестите причини за напуштање на работното место е шефот. Големо влијание има начинот на кој се менаџирани вработените. Ако сте забележале дека вашите вредности на работното место не се ценат, време е да разговарате со вашиот шеф на оваа тема. Бидете јасни што можете, а што не можете да толерирате. Слушајте го вашиот инстинкт за она што е навистина важно. Свесноста значително ќе го намали менталниот замор.

2. Сами одредете го менталниот тон на вашиот ден

Што мислите дека ќе ви помогне да имате ментално лесен ден?

  • Да се разбудите доцна, да пиете кафе со шеќер додека ги слушате трагичните вести од светот.
  • Да се разбудите рано наутро, да направите некоја вежба, да слушате нешто што ви дава идеи и решенија и да си подготвите здрав и хранлив појадок.

Одберете како сакате да ви започне денот. Направете едноставни разлики и почнете да се држите до нив секој ден. Дури и ако се соочите со катастрофа веднаш штом ќе стигнете во канцеларијата, вашиот мозок е веќе релаксиран и полесно ќе се справите со проблемот.

3. Откријте што ви ја цеди енергијата и направете ги потребните промени

Кога вашиот колега или партнер искажува гнев, страв, тага, фрустрација и други слични емоции заедно со дискусија за барање решение, се чувствувате корисни и полни со енергија. Но доколку ви се жалат без да ви дозволат да ги советувате, тие само ја цедат вашата енергија.

Вашата ментална состојба заслужува да биде зачувана и заштитена. Престанете да бидете достапни како ментална и емоционална вреќа за боксирање. Туѓите проблеми не се ваши за решавање.

4. Релаксирајте се по потреба, а не по барање

Стресот го деактивира вашето внимание и вашата способност да размислувате. Кога сте анксиозни не можете да размислувате за она што навистина ви е важно. Кога вашиот мозок е во релаксирана состојба се зголемува нивото на допамин, а само тогаш можете да ги донесувате правите одлуки. Прво смирете го и исчистете го вашиот ум, а потоа фокусирајте се на нештата што ги сакате.

5. Развијте креативни извори на внатрешна мотивација

Мозокот природно бара нешта што ви донесуваат инстантно задоволство и што ве одржуваат безбедни и среќни во овој момент. Најдете или создадете чекори во вашето патување што ќе предизвикаат позитивна емоционална промена. Бидете креативни во врска со ова. Наместо да си дозволите да се чувствувате негативно што сте ја напуштиле канцеларијата со незавршен проект, размислувајте повеќе за радосните лица на партнерот или децата кога ќе ве видат дома порано. На овој начин ќе се чувствувате подобро за себе.

6. Одредете ја вашата сегашна перспектива

Ако си кажувате дека сте преморени и дека не можете да се справите со обврските, може навистина да се случи тоа. Обидете се да ги менувате овие мисли штом ќе забележите дека се во вашата глава. Чувствата се променливи, а најизразениот дел од нашите интензивни емоции трае само околу 90 секунди. Потоа енергијата што ја чувствуваме се намалува доколку не се спротивставите на чувствата. Прифатете го тоа и дозволете им на чувствата да поминат.

7. Намалете го изложувањето на стресни ситуации

Ова е многу потешко да се направи отколку да се каже. Можеби ќе треба да ги разгледувате луѓето, активностите, работата и начинот на кој се однесувате во врските за да забележите кои ситуации се стресни. Можеби време е да ставите крај на некои ситуации или да побарате пофлексибилни опции на работното место.

8. Зголемете ги квалификуваните мрежи и ресурси за поддршка

Многумина мислат дека барањето помош автоматски ќе го намали менталниот замор. Но добивањето совети од луѓето кои не се квалификувани може само да ви ја влоши состојбата. Почнете да си ги поставувате следниве прашања:

  • Каква поддршка и помош ми е потребна?
  • Кои се местата што ги знам каде што можам да ја добијам таа помош?
  • Што ја квалификува оваа личност или овој извор да ми помогне?
  • Дали доаѓаат од позиција на безусловна поддршка?

Бидете повнимателни за тоа од каде и од кого ги добивате вашите совети.

9. Вметнете време за пауза

Позитивното и конструктивно мечтаење ви помага да дишете ментално. Според истражувања, ние мечтаеме околу 46,9% од денот. Па, можете да го искористите овој факт во ваша корист и да почнете со конструктивно мечтаење. Фокусирајте се на надминување на предизвиците и гледајте се како навистина го правите она што треба да биде направено. Можете да си закажете и време за мечтаење, без разлика дали е наутро, навечер или во текот на денот.

10. Постепено намалете го одложувањето на нештата што навистина имаат потреба од вашето внимание

Колку повеќе давате отпор, толку подолго останува проблемот. Колку подолго не им обрнувате внимание на важните нешта, толку полоши се негативни последици. Размислувањето за ова ќе почне да предизвикува чувства на вина, разочарување и притисок, а сето ова прави да се чувствувате изморено. Ако сакате да одложувате, правете го тоа правилно. Дајте си дозвола да правите безначајни работи, но поставете граница. Потоа одредете период за нештата што навистина мора да ги направите. Не мора да целите кон завршување ако тоа ви создава дополнителен притисок. Едноставно фокусирајте се на трудот.

11. Стимулирајте го умот со информации

Ако сте соочени со предизвици кои не се лесно или веднаш решливи, и ако го минувате времето гледајќи неважни работи само дополнително се заморувате. Одвојте време за паметно да одберете литература и слично што ќе ви помогне да се соочите со сегашните предизвици. Но бидете внимателни и со ова. Немојте постојано да се потпирате на курсеви, видеа и книги.

Дали знаевте дека постојат дури 5 видови замор?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар