11 жени го откриваат првото нешто коешто го забележале и ги привлекло кај партнерот

Доколку некогаш имате залудно потрошено цела вечер во лутање низ барови, ноќни клубови или низ апликации за состанување, тогаш го знаете следниов неоспорен факт: можете веднаш да забележите дали некој е физички атрактивен или не, но сепак да не ве привлекува. Она што ве привлекува кон една личност, е комплексен сплет од лични преференции. Сосема е нормално да ве привлекуваат одредени луѓе, а други да не ве привлекуваат воопшто, без разлика на нивниот физички изглед.

11 жени го откриваат првото нешто коешто го забележале и ги привлекло кај партнерот

Доколку вашето тело, срце и душа не успеваат да ги исфилтрираат вистинските луѓе коишто ве влечат како магнет кон себе, тогаш вие во суштина, само ќе се „давите“ во море од додворувачи, кои ги привлекува само вашата надворешност. Во продолжение, прочитајте за овие 11 жени и за карактеристиката којашто првично им била привлечна кај сегашниот партнер, а нивните одговори ќе ви ги разлетаат пеперутките во стомакот, како кога сте заљубени. Бидете подготвени да бидете стопени.😊

1. Неговиот глас

„Првото нешто коешто го забележав, беше неговиот глас. Никогаш дотогаш немав слушнато глас како неговиот и тоа продолжи да ме влече кон него цело време. До ден-денес, не можам да го чујам неговиот глас, а да не се стопам.“ – Марија, 22 години

2. Нејзината насмевка

„Можеби ова звучи сентиментално, но нејзината насмевка е навистина многу искрена и топла. На нашиот прв состанок излеговме да пиеме кафе и првиот пат кога таа ми се насмевна, знаев дека ќе се заљубам во неа.“ – Џасмин, 21 година

11 жени го откриваат првото нешто коешто го забележале и ги привлекло кај партнерот

3. Неговиот карактер

„Јас и мојот партнер бевме пријатели со години пред да започнеме врска и тој едноставно, отсекогаш беше личност којашто е неверојатно забавна и смешна, некој покрај кој сите сакаат да бидат. Да, тој е згоден и неверојатно шармантен, но за мене тој имаше нешто повеќе во себе. Тоа е таа специјална ‘Х’ карактеристика којашто е толку тешко да се опише со зборови. Јас секогаш сакав да бидам покрај него, бидејќи тој секогаш беше (и е) причината за забавата во просторот.“ – Кајли, 29 години

4. Неговата подготвеност да направи сè

„Јас и моето момче се бакнувавме на сред улица на нашиот прв состанок, па уште тогаш знаев дека тој е за мене створен, бидејќи знаев дека е ‘забавен’.“ – Британи, 27 години

5. Неговата висина

„Тој едноставно беше висок. Тоа беше првото нешто коешто го забележав кај него.“ – Александра, 26 години

6. Колку удобно се чувствував покрај него

„Кога јас и моето сегашно момче се совпаднавме на апликација за состанување, јас сметав дека е сладок и решив да му испратам флертувачка порака. Во неговата кратка биографија на профилот, пишуваше дека тој е во потрага по туристички водич, бидејќи е неодамна доселен во градот од Ирска. Му кажав дека знам одлични ирски пабови. Тој набрзо ми одговори, па ние решивме да излеземе на пијачка истата вечер. Кога се запознавме во живо, јас веднаш се почувствував удобно во негово друштво. Ние немавме разговаравме многу преку апликацијата, но зборувањето со него во реалниот живот, беше многу едноставно и ослободено од тоа непријатно чувство, коешто честопати се појавува на првите состаноци. Сега, откако сме во врска, чувствувам дека дури уште повеќе можам да останам своја, во мојата оригинална верзија и тоа е сè уште привлечно за него.“ – Џејми, 23 години

11 жени го откриваат првото нешто коешто го забележале и ги привлекло кај партнерот

7. Начинот на кој таа ја држеше мојата рака

„Јас и мојата девојка малку се ‘исклучивме’ во таксито и случајно се фативме за раце, така што… Тоа е тоа.“ – Тереза, 24 години

8. Впечатокот којшто го оставаше кај другите луѓе

„На почетокот, единствената причина поради којашто јас бев заинтересирана за мојот сегашен дечко, е поради тоа што во тоа време, тој ја ‘бркаше’ мојата најдобра другарка. Таа не беше воопшто заинтересирана за него, а јас бев љубоморна од сето внимание коешто таа го добиваше од него. (Дечки, тогаш имав само 16 години, ве молам не ме судете.)“ – Лара, 24 години

9. Неговиот незастрашувачки изглед

„Му стиснав ‘ми се допаѓа’ на моето сегашно момче на Тиндер, бидејќи тој изгледаше сосема безопасно. Добронамерен, до степен да започнам тепачка против него и да не ме нападне.“ – Елиот, 24 години

10. Неговата смисла за хумор

„Она што прво ме привлече кој мојот партнер, беше неговата смисла за хумор. Сè што тој правеше беше толку чудно, пренагласено и пресмешно, што јас можев да глумам ладнокрвна на сето тоа само накратко, пред целосно да се предадам на забавата.“ – Кендис, 25 години

11 жени го откриваат првото нешто коешто го забележале и ги привлекло кај партнерот

11. Неговата чувствителност кога зборуваме за сериозни теми

„Јас и мојот партнер бевме пријатели 3 години и и покрај тоа што јас отсекогаш го сметав за сладок и љубезен, никогаш немав намера да развивам нешто повеќе од тоа помеѓу нас двајца. Едно лето, тоа се промени. Двајцата бевме сингл и работевме во истиот град, па започнавме да поминуваме повеќе време заедно. Како што се зближуваме, станувавме сè поблиски во платонска смисла на зборот, па почнавме да се отвораме за разни сериозни теми на разговор како што се, стравовите, несигурностите, анксиозноста… Тогаш инстантно ме привлече неговата ранлива страна и жестока искреност. Дури тогаш, дојдов до констатација дека имам вистински, романтични чувства за него.“ – Иман, 23 години

Она што е интересно во приказната на овие 11 жени, е нивниот вариетет. Не постои единствен начин за да се допре до срцето на друга личност. Не постои еден начин да се привлече нечие внимание на вистинскиот начин. Трикот е да останете во својата оригинална верзија, без да му се извинувате на некој друг и да се најдете пред вистинската личност, во прав момент и на право место. И секако, упатувањето насмевка до него (од една до друга 8-ца или 6-ка, зависно колку заби имате) со сигурност нема да ви наштети, исто така.

Откријте и како до успешен прв состанок со личност која сте ја запознале онлајн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар