Добри и лоши страни: Како детоксикацијата со сокови делува на организмот?

Без разлика дали детоксикацијата со сокови ја спроведувате неколку дена или пак цела недела, во вашето тело дефинитивно ќе дојде до промени поради драстичното намалување во внесувањето на калории, масти и протеини. Некои од тие промени се добри, бидејќи ја поттикнуваат детоксикацијата, но секако треба да се спознаат и негативните страни на детоксикациските сокови.

Повеќето програми за детоксикација со сокови подразбираат внесување на сокови од различни видови зеленчук и овошје. Тие сокови содржат многу сорбитол или глуцитол. Тоа е вид шеќер кој поттикнува насобирање на вода во цревата, поради што има лаксативно дејство. Својот дигестивен систем дефинитивно ќе го прочистите, но подгответе се за дијареи и не заборавајте да го зголемите внесувањето на вода.

1-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

1. Хормони

Кога на телото ќе му го ограничите внесот на калории, тоа влегува во стадиум на гладување, а ова предизвикува хормонска нерамнотежа. Нивото на хормони во вашето тело ќе биде слично на она ниво што сте го имале пред да влезете во пубертет и тоа ќе го забележите веднаш после неколку дена. Тоа може да ја наруши конзистентноста на менструалниот циклус, особено ако ги практикувате детоксикациските сокови во периодот кога вашата менструација треба да започне.

2. Мускули

Соковите не содржат протеини. Но, вашето тело не е свесно дека не внесувате протеини, па тоа ќе продолжи и понатаму да ги разградува, исто како да ги внесувате, но сега оние од мускулите. Ако детоксикацијата со сокови трае една недела, тоа може да предизвика значајно намалување на мускулната маса, дури до 300 грама мускули дневно. Тоа за вас значи побавен метаболизам и помалку трошење калории во стадиум на мирување.

3. Телесна тежина

Дефинитивно ќе го намалите бројот на непотребните килограми, но не оние кои сакате. Гликогенот во вашето тело, кој доаѓа од јаглехидратите, му помага на телото во задржување на водата. Кога ќе започнете со детоксикација со сокови, ќе ја исфрлите целата непотребна вода преку мокрење, но изгубените килограми всушност ќе бидат еднакви на изгубената вода. Тие килограми ќе ги вратите веднаш по завршувањето на детоксикацијата.

4. Нивото на енергија

Само затоа што драстично го намаливте внесот на калории, тоа не значи дека и вашето тело ќе престане да ги троши. Помалото внесување на калории значи помалку гликоген и помала количина на енергија. Ќе започнете да чувствувате слабост и хроничен умор.

2-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_

5. Метаболизам

Поради намаленото мускулно ткиво, телото ќе троши помалку калории во состојба на мирување. Ако изгубите околу 1 килограм мускулно ткиво, секој ден ќе трошите околу 15 калории помалку. Ако детоксикацијата со сокови трае кратко, побавниот метаболизам е моментален и брзо ќе се врати во нормала. Но, ако детоксикацијата со сокови ја практикувате подолго време или премногу често, тоа може да остави долгорочни штетни последици врз работата на вашиот метаболизам.

6. Расположение

Соковите не содржат масти и протеини, соединенија кои му се потребни на вашето тело за да произведува невротрансмитери. Тие го регулираат расположението и помагаат во спречување ненадејни промени на расположението. Токму поради тоа, детоксикацијата со сокови може да предизвика нагли промени во расположението и раздразливост.

7. Срце

Детоксикацијата со сокови има позитивно влијание на здравјето на срцето. Неколку дена на детоксикација со сокови може да помогне во регулирање на холестеролот и намалување на нивото на крвниот притисок. Исто така, може да го регулира нивото на шеќер и осетливоста на телото на инсулин.

3-dobri-i-loshi-strani-kako-detoksikacijata-so-sokovi-deluva-na-organizmot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар