5 животни трикови кои ќе ви помогнат да останете во добра форма за време на зимските месеци

5 животни трикови кои ќе ви помогнат да останете во добра форма за време на зимските месеци

Доколку сакате да го задржите вашето здравје и да не се разболите оваа зима, многу е важно да ја одржувате вашата форма преку вежбање и здрава исхрана. И покрај тоа што ниските температури го отежнуваат ова, сепак не е целосно невозможно. Еве што треба да направите…

5 животни трикови кои ќе ви помогнат да останете во добра форма за време на зимските месеци

1. Носете ја вашата облека за вежбање со вас на работа

Едноставно нема да имате изговор да не отидете да вежбате. Вие знаете дека ако се вратите дома, нема шанси повторно да излезете на ладно, па токму затоа спакувајте ја опремата за вежбање и после работа веднаш тргнете кон теретаната. Откако ќе стекнете рутина, вие сè полесно ќе одите на вежбање, дури и ако прво сте отишле до вашиот дом.

2. Јадете супа

Пронајдете ја вашата омилена супа така што ќе пробувате различни домашни рецепти. Менувајте ги комбинациите сè додека не го погодите омилениот вкус, но погрижете се да има што повеќе различни видови зеленчук и зрнеста храна. Можете дури да направите и огромна количина супа, а потоа да ја загревате на работа. Не само што супата ќе ви биде едноставен оброк, туку и ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје.

3. Гледајте видеа со вежби

Доколку не успеете да се натерате да одите на вежбање поради лошите временски услови, дури и ако ги носите алиштата за вежбање со вас на работа, секогаш можете да побарате помош од Јутјуб во рамките на вашиот удобен и топол дом. Постојат многу видеа со вежби кои ќе ви помогнат да ја одржите вашата форма, па затоа престанете да одложувате и почнете веднаш со вежбање.

4. Погрижете се вашето работно место да биде здраво место

Повеќето луѓе го поминуваат поголемиот дел од својот ден во канцеларија, па зошто да не се искористи оваа ситуација? Правете чести и кратки паузи во кои ќе се растегнувате и ќе шетате низ канцеларијата. Можете дури и да стоите додека разговарате на телефон или пак, наместо обична столица да седите на јога топка. Ако работите на повисок кат, наместо со лифт, качувајте се по скали. Сменете го газираниот пијалак со шише вода и наместо нездрави грицки носете со себе овошје.

5. Побарајте поддршка од пријателите

Колку повеќе луѓе, толку подобро. Натерајте ги вашите пријатели да ви се придружат во вашиот зимски режим. Вие можете взаемно да се мотивирате да одите во теретана и да се исхранувате поздраво, а потоа можете заедно да славите кога ќе почнете да забележувате резултати на вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар