Дали оризовата вода е здрава за вашата коса?

Дали оризовата вода е здрава за вашата коса?

Доколку го оставите оризот неколку часа да се натопи во вода ќе добиете оризова вода која се одликува со бледо бела боја. Бидејќи оризот е богат избор на витамини и минерали, меѓу кои и Б6 како и аминокиселини, се смета дека тој може да се користи како природен балсам за коса.

Дали оризовата вода е здрава за вашата коса?

Според многумина, оризот ги има следните карактеристики:

  • ја штити косата од оштетување
  • го зголемува сјајот на косата
  • го стимулира растот на фоликулите

Потенцијални придобивки од оризовата вода во поглед на здравјето на косата

Иако е вистина дека голем дел од азиските народи ја користат оризовата вода за нега на косата и кожата, сепак научниците сè уште ги немаат истражено докрај нејзините својства. Тоа не значи дека оваа состојка не е одлична за вашето тело, напротив. Според некои истражувања, инозитолот, една од компонентите на оризовата вода што се добива при ферментација, ја штити косата од оштетување. Биле испитани и ефектите од употребата на шампон кој се произведува во североисточна Индија и како главна состојка ја користи токму оризовата вода. Се покажало дека честата употреба на шампонот помогнало да се намалат знаците на стареење на косата. Сепак, во зависност од типот на коса, факт е дека состојките можат да влијаат различно. Доколку пак сте љубопитни, можете да ја испробате оризовата вода бидејќи е чиста, нетоксична и евтина состојка за експериментирање.

Потенцијални придобивки од оризовата вода во поглед на здравјето на кожата

Некои клинички испитувања покажале дека употребата на оризова вода не предизвикува алергиски реакции, но, секако, доколку веќе сте свесни за тоа дека сте алергични на ориз најдобро би било да се воздржите. Се покажало и дека нејзините хидратантни и антиинфламаторни својства ги намалуваат знаците на стареење на кожата.

Како се прави оризова вода?

Потребни состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 1 шолја филтрирана вода

Начин на подготовка:

1. Измијте и исцедете го оризот за да ги отстраните нечистотиите. Доколку користите неоргански ориз тогаш исплакнете го уште 2, 3 пати за да ги отстраните пестицидите.

2. Процедениот ориз префрлете го во друг сад со вода и мешајте сè додека водата не се замати. Одново процедете го оризот, а водата складирајте ја во посебен сад и оставете ја да отстои на собна температура околу 12 часа за да ферментира, а потоа ставете ја во фрижидер.

Откако прочитавте за оризовата вода и нејзините ефекти врз косата и кожата, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 работи ги прават Азијките за да изгледаат помладо.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар