Сигурно ги немате пробано: Печени шпагети со мелено месо и три вида сирење

Сигурно ги немате пробано: Печени шпагети со мелено месо и три вида сирење

Кога станува збор за тестенини, комбинацијата од шпагети, сос од домати, мелено месо и сирење е еден од најчестите рецепти во нашето секојдневно мени. Но, дали сте пробале некогаш да ги испечете сите овие состојки во рерна? Печените шпагети со мелено месо и три вида сирење претставуваат комбинација од шпагети болоњезе и лазањи. Резултатот е превкусно јадење за кое ви ветуваме дека никој од вашите домашни нема да остане рамнодушен.

Сигурно ги немате пробано: Печени шпагети со мелено месо и три вида сирење

Потребни состојки:

  • 700 милилитри доматен сос
  • 450 грама шпагети
  • 450 грама мелено говедско месо
  • 400 грама рендана моцарела
  • 300 грама урда
  • 30 грама рендан пармезан
  • 5 лажици путер
  • 2 јајца
  • 1 кромид
  • сол и бибер по желба
  • босилек по желба

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето, односно „ал денте“.

3. Во поголема тава пржете ги кромидот и меленото месо сè додека месото не добие златно-кафеава боја. За тоа ќе ви бидат потребни околу десетина минути.

4. Во тавата додадете го сосот од домати како и сол и бибер. Тргнете ја тавата од оган.

5. Во поголем сад изматете две јајца, измешајте ги со растопениот путер и ренданиот пармезан. Во смесата додадете ги сварените шпагети и сè убаво измешајте.

6. Во сад за печење ставете половина од сварените шпагети и распоредете ги по целата површина.

7. Врз шпагетите ставете половина од урдата, сосот, меленото месо и моцарелата.

8. Постапката повторете ја со другата половина од состојките. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во рерна околу 40 минути.

9. Отстранете ја алуминиумската фолија и печете сè заедно уште 20 минути за да се растопи кашкавалот.

10. Послужете со свеж босилек. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за печени шпагети, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за тестенини со ореви и магдонос.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар