Чоколадни овесни колачиња

Чоколадни овесни колачиња

Совршени за сервирање покрај кафе или чај

(1) Чоколадни овесни колачиња

Потребни состојки:
  • 125 грама несолен путер
  • 80 грама кафеав шеќер
  • 2 лажици мед
  • 100 грама овесни снегулки
  • 100 грама брашно
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1/2 – 1 лажичка морска сол (по вкус)
  • 100 грама чоколадо
  • 10 грама путер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете хартија за печење во неколку садови за печење. Со помош на миксер, матете ги путерот и шеќерот сè додека не добијат бледа боја и мазна површина, а потоа додајте го и медот и продолжете да мешате додека не сè соединат. Намалете ја брзината на матење и додајте ги овесните снегулки, брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта.

Откако ќе добиете комбинирана смеса, почнете да одвојувате мали парчиња од тестото и формирајте ги во топчиња кои потоа ќе ги исправувате со притискање врз садот за печење сè додека не добијат големина од 50-тина милиметри. Оставете простор помеѓу нив, со цел да можат тие да растат. Печете ги 10 – 12 минути или сè додека не добијат златно кафеава боја, а потоа извадете ги од рерната и дозволете им да се оладат во садовите за печење.

Стопете го чоколадото и путерот заедно во сад кој е отпорен на топлина и поставен врз тенџере со вода која врие. Поставувајте по 1 лажичка од чоколадниот прелив врз секое од колачињата и разнесете го рамномерно врз нив. Оставете да се стврдне пред сервирање. Добар апетит.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар