Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Мат црвени усни, руменило, зачадени очи, силни бои… Тоа се само дел од трендовите кои оваа есен ќе го обележат светот на шминката. Вие сигурно веќе сте забележале дека во областа на облеката се издвојуваат стиловите од 70-тите и 80-тите години, но врз убавината најмногу влијаела ерата на 90-тите. Па, погледнете која шминка ќе биде апсолутен хит оваа есен…

Црвен кармин

(1) Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Да, станува збор за класичен моден детаљ кој изгледа како вечно да трае. Црвениот кармен не дозволува ниту еден друг тренд да го турне од својот трон, па токму затоа и оваа есен ќе биде на врвот на модата. Единствената разлика е само тоа што оваа година модните експерти препорачуваат нежни нијанси и мат текстури, кои можат да се носат во секоја прилика.

Нагласување на очите

(2) Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Доколку ви е здодеано постојано да имате уредно исцртана линија околу очите, тогаш со сигурност ќе се израдувате откако ќе откриете дека модните куќи на есенските ревии користеле полусјајни моливчиња за очи чија единствена цел била да ги истакне очите на моделите.

Силно руменило

(3) Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Руменилото е вашето најголемо оружје во текот на есента. Токму затоа и тргнете ја настрана пудрата и другите видови подлоги и одберете го вистинското руменило за вашиот тен. Внимавајте тоа да биде во нијанса на портокалови бои, со мала примеса на розово. Вие на овој начин ќе изгледате како да ве фатило сонце на некоја планина.

Светкави детали

(4) Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Доколку сакате да сте во чекор со трендот, тогаш вие треба да ги нагласите вашите очи по секоја цена. Одберете отмени нијанси на сина, златна, зелена или сива боја која светка, додека пак, ако се одлучите за сува сенка во прав, тогаш одберете од оние со боја на цигла или портокалова, а потоа нанесете и малку сјаен прав или други светкави детали.

Игра со сенките

(5) Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Зачадените очи не престануваат да доминираат во текот на есенската сезона, па најдобриот совет кој би можеле да ви го дадеме е доколку со помош на вашите прсти, колку што можете повеќе, ја размачкате шминката, започнувајќи од рабовите кон аглите. Резултатот треба да биде недефинирана и неуредна сенка која на вашето лице ќе изгледа нежно, деликатно и на некој начин романтично.

Големи дози маскара

(6) Најдобрите есенски мејкап трендови за 2015 година

Каролина Херера докажала на својата есенска ревија дека маскарата може да биде навистина моќна. Таа се одлучила за сребрена маскара која била надградена со црно моливче, освојувајќи ги сите во публиката. Токму затоа и подгответе се оваа есен да ја користите онаа маскара која многу ќе го зголеми волуменот на вашите трепки.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар