Брз и здрав оброк со јајца, одличен за летните горештини

Брз и здрав оброк со јајца, одличен за летните горештини

Ви се јаде нешто вкусно, здраво, нешто што се подготвува брзо, а добро се согласува со вашата диета пред летниот одмор? Продолжете со читање. Овој оброк се спрема за неколку минути во микробранова печка, богат е со протеини и е идеален за градење мускулна маса, па ако зачестивте во теретана деновиве слободно нагостете се. Плус содржи свеж зеленчук за некое витаминче плус и зачини за дополнителен шмек.

(1) Brz-i-zdrav-obrok-so-jajca-odlichen-za-letnite-goreshtini-www.kafepauza.mk

Потребни состојки за 2 порции:
  • 2 мали лажички маслиново масло
  • 1 црвен кромид
  • 1 главица лук
  • 1 пиперка
  • 125 г чери домати
  • 4 јајца
  • 1 супена лажица ситно исечкан магдонос (по желба може да се замени со вегета)
  • црн бибер
  • 25 г пармезан
Начин на подготовка:

Исечкајте ги кромидот, лукот и пиперката, а чери доматите можете да ги пресечете на пола. Ставете ги во сад заедно со маслиновото масло и нека се готват во микробрановата печка на висока температура 3 минути. Настрана изматете ги јајцата, додадете ги зачините и 2 супени лажици вода. Извадете го зеленчукот од микробрановата, измешајте го и додадете ја смесата со јајцата. Вратете го садот во микробрановата уште 1 минута и 30 секунди на висока температура. Извадете го повторно и убаво измешајте, па повторно вратете го назад уште 2 минути. На крајот, оставете 3 минути да се олади, па одозгора додадете го пармезанот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Ѓорѓи Ковачев Reply

    Комбинацијата на состојки е солидна, но – сепак – јас не би инсистирал на микробранова… барем додека не се убедам дека тоа е здрав начин за готвење.
    Што се однесува до името Симона, тоа толку ми се допаѓа што тоа и` го дадовме на помалата ќерка…
    Поздрав!

    • Симона Ристоска Reply

      Секогаш можете да пробате и во рерна 🙂 Ви благодарам, поздрав до Вас и посебно поздравче до малечката, мојата имењачка!

Напиши одговор на Симона Ристоска Откажи одговор