Бело чоколадо, јагоди и кокос: Рафаело торта од соништата!

Вкусно и неодоливо!

Бело чоколадо и кокос: Рафаело торта од соништата!

Потребни состојки:

За тестото:

  • 165 грама несолен путер, омекнат
  • 250 грама шеќер
  • 3 јајца
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 240 грама брашно
  • 1 кафена лажичка прашок за печиво
  • 1/2 кафена лажичка морска сол
  • 1 прстофат свежо смелено морско оревче
  • 120 милилитри матеница

За филот:

  • 400 милилитри кокосово млеко
  • 80 грама исечкан кокос
  • 200 грама бело чоколадо, ситно исечкано
  • 750 грама маскарпоне
  • 340 грама шеќер
  • 1 шака јагоди, измиени, исчистени и исечкани
  • 160 грама исечкан кокос (за декорација)

Бело чоколадо, јагоди и кокос: Рафаело торта од соништата!

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад, ставете ги брашното, прашокот за печиво, морското оревче и солта и тргнете ги настрана. Во друг сад, изматете ги путерот и шеќерот. Матете сè додека не добиете лесна и пенеста смеса, а потоа додајте ги јајцата, едно по едно, и на крај и ванилата. Добро изматете. Со ниска брзина, изматете третина од сувите состојки (смесата со брашното) со половина од матеницата. Продолжете да ги спојувате сувите и течните состојки, сè додека не се соединат целосно, завршувајќи со сувите. Поделете ја добиената смеса на 3 еднакви делови и ставете ја во различни тави за печење на кои претходно сте нанеле хартија за печење.

Печете 20 – 30 минути или сè додека тестата не добијат светло златна боја. Откако ќе завршат, тргнете ги од садот за печење, добро завиткајте ги и ставете ги во фрижидер.

За да го направите филот, сипете го кокосовото млеко во тенџере, па додајте го исечканиот кокос и варете на среден оган околу 30 – 40 минути, со повремено мешање. Кокосот треба да се впие во кокосовото млеко. Потоа додајте го белото чоколадо и мешајте додека не се стопи и соедини со кокосот. Префрлете во сад, прекријте ја површината и ставете го во фрижидер. Откако ќе се олади, изматете ги посебно шеќерот со маскарпонето, 10-тина секунди додека не се соединат, и потоа додајте ги на смесата со чоколадото и кокосот.

Ставете го едното тесто на чинија за сервирање, а потоа рамномерно намачкајте еден слој фил. Повторете уште 2 пати со останатите теста и последниот слој фил премачкајте го околу целата торта. За крај, посипете го и дополнителниот исечкан кокос. По желба, декорирајте со свежи јагоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар