Ако сакате совршена љубовна врска, тогаш мора да прифатите дека тој има недостатоци

Ако сакате совршена љубовна врска, тогаш мора да прифатите дека тој има недостатоци

Секој ќе се согласи дека жените се емотивни суштества и најчесто се карактеризираат со тоа што се покомплицираниот пол во една врска. Тие прекумерно размислуваат, честопати се чувствуваат несигурни, имаат многу високи очекувања и на многу работи реагираат емоционално. Но, кога на мажите ќе им се рече „не“, тогаш тие тоа го сфаќаат како „НЕ“, за разлика од жените кои кога ќе кажат „не“, всушност подразбираат уште стотици значења зад тој збор. Зошто да не го кажете она што навистина го мислите?

Ако сакате совршена љубовна врска, тогаш мора да прифатите дека тој има недостатоци

Во некои моменти, без разлика колку и да се силни и независни, жените сакаат покрај себе да имаат некој кој ќе се грижи за нив, ќе ги почитува, ќе им биде поддршка, ќе се однесува кон нив како кралици и кој ќе се грижи за нивните желби и потреби. Но, ова се само повремени привилегии во една врска. Во денешно време треба да имате среќа за да бидете во здрава врска исполнета со љубов. Вистината е дека и мажите го сакаат она што го сакате и вие: Да бидат почитувани, сакани, згрижени и да бидат третирани како кралеви.

Секоја љубовна врска бара време и труд, но и жртвување. Не може секогаш да имате само добри моменти, но важно е кога ќе дојде бурата вие да се држите еден до друг. Жените најчесто очекуваат мажите да бидат совршени, но тоа не е така едноставно. Тие не можат да бидат совршени, затоа што никој на овој свет го нема достигнато совршенството. Мажите имаат свои недостатоци, маани и несигурности. Понекогаш ситуацијата ќе ги ограничи и тие нема да може да ви покажат колку се грижат за вас. Но, треба да бидете сигурни дека ве сакаат и дека сакаат да бидат со вас.

Без разлика колку важни моменти ви се случуваат во вашиот живот и сакате тогаш вашиот партнер да биде до вас, треба да сфатите дека и тој има свој живот и свои обврски, па затоа потрудете се да покажете разбирање. Мажите ќе се обидуваат да ве направат среќни, но до одреден степен. Ако очекувате да бидат совршени, најверојатно набрзо ќе станат уморни обидувајќи се да ги задоволат вашите очекувања и желби. Некои љубовни врски завршуваат токму поради тоа што жените очекуваат нивните партнери да бидат совршени. Но, реалноста е дека во секоја љубовна врска партнерите треба да ги почитуваат своите потреби.

Ако постојат проблеми, треба да зборувате и да најдете заедничко решение. Покажете му на вашиот партнер дека го сакате и дека го разбирате и сведете ги вашите стандарди и очекувања на минимум. Размислете дека суштината на љубовната врска не е само вие да бидете среќни, туку и вашиот партнер да се чувствува на истиот начин. Вие делите многу, па затоа и заедно треба да ги искусувате работите, особено позитивните.

Бидете си поддршка еден со друг и не отежнувајте ги работите помеѓу вас. Крајно време е да престанете да размислувате за тоа како тој треба да ве прави среќни. Всушност, треба да бидете среќни и без тој да се обидува да го прави тоа. Крајно време е да престанете да правите листа со карактеристики кои треба да ги поседува љубовта на вашиот живот или како треба да ги задоволува вашите очекувања. Наместо тоа, обидете се да составите листа за тоа како да го подобрите вашиот живот и вашата љубовна врска. Ценете ги малите нешта и запаметете дека вашиот партнер заслужува кон него да се однесувате со истата љубов и почит што вие ја барате од него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Vase od Skopje Reply

    ….A taa e bezgreshna i nema nedostatoci neli -:) ili ova e spisanie namento isklucivo za zeni pa dugite ne se diskriminiraat so vakov naslov. Komentarot e za naslovot, sodrzinata ne e bitna veke. eee urednici urednici -:)

    • Кафе пауза Reply

      Овој текст е наменет за нашата женска публика (која преовладува) и со насловот јасно го даваме тоа на знаење. Секако, имаме и содржини со кои им се обраќаме на машките читатели. Не се работи за дискриминација, едноставно има содржини кои се наменети за сите и такви со кои се таргетира одредена публика.

Напиши одговор на Vase od Skopje Откажи одговор