Рецепт за совршен празничен ролат кој мора да го пробате

Bûche de Noël е француски ролат што традиционално се подготува за празниците. Изгледот на ролатот неодоливо потсетува на дрво што Французите го запалуваат на Бадник за да им обезбедат среќа и благосостојба на нивното семејство во наредната година.

Иако никој не знае со сигурност како настанала оваа традиција, сите се согласуваат дека тоа е вкусен обичај од кој не сакаат да се откажат.

Рецепт за совршен празничен ролат кој мора да го пробате

Потребни состојки:

За тестото:

  • 6 јајца
  • 150 г шеќер
  • 60 г брашно
  • 25 г какао
  • малку сол
  • масло за подмачкување

За филот:

  • 300 милилитри хопла
  • 30 г шеќер во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила

За глазура:

  • 180 г шеќер во прав
  • 110 г путер
  • 5 лажици какао
  • 3 лажици шлаг
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • овошје по желба и чоколадо за украсување

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
  2. За тестото: одделете ги белките од жолчките и ставете ги во две одделни чинии. Изматете ги белките на шлаг со половина шеќер.
  3. Изматете ги жолчките со миксер со остатокот од шеќерот.
  4. Измешајте го брашното, какаото и малку сол, а потоа полека додадете ја смесата во жолчките. Измешајте добро.
  5. Рачно измешајте ги белките во жолчките.
  6. Истурете ја смесата врз хартија за печење што сте ја поставиле во правоаголен плех.
  7. Ставете во загреана рерна околу 12 минути. Проверете со чепкалка дали е готов.
  8. Користете кујнска крпа, одделете ја хартијата за печење од тестото и завиткајте го во ролна. Важно е да го направите овој чекор додека тестоѕо е жешко.
  9. Оставете да се излади целосно.
  10. За филот: Изматете го ја хоплата со шеќерот и екстрактот од ванила. Изладете го и ставете го од внатрешната страна на ролатот. Оставете во фрижидер најмалку еден час.
  11. За глазурата: Матете го путерот со миксер додека не добиете мазна смеса. Додадете шеќер и какао во прав и мешајте додека не се ослободите од грутките. На крај додадете го шлагот и екстракт од ванила.
  12. Со глазурата премачкајте го ролатот и украсете со овошје по желба и парчиња чоколадо. Чувајте го во фрижидер пред сервирање. Добар апетит!

Погледнете го и овоj рецепт за вкусни колачиња со вкус на мента и кокос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар