Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, имате висока емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е многу популарна тема и таа е еден од најпотребните квалитети за една личност да се развива на лично и професионално поле. Кога е во прашање работното место, работниците, кои покрај ментална, покажуваат и емоционална интелигенција, се многу попродуктивни при завршување на своите обврски, но и исто така се и попријатни колеги.

Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислите

Емоционално интелигентната личност умее да биде одличен член на тим, лесно споделува идеи и е отворена за идеите на другите. Исто така, доколку работата е поврзана со директни услуги за клиенти, овие личности покажуваат поголем успех во исполнување на задачите, а лесно прифаќаат и промени. Од друга страна пак, прифаќаат критика и ја користат на конструктивен начин, додека истовремено и сочувствуваат и сакаат да им помогнат на колегите кои поради некоја причина не можат ефикасно да ја завршат задачата. Се грижат за репутацијата на тимот и го подобруваат моралниот впечаток.

Личноста која има висок коефициент на емоционална интелигенција полесно се спријателува и е поотворена кон колегите, а во исто време ги запазува и сите крајни рокови, така што нејзината работа нема потреба од микроменаџирање. Таа, едноставно, знае да даде приоритет на вистинската задача, во вистинскиот момент. Најважна карактеристика е што секогаш ќе најде начин да се мотивира себеси, да ги зголемува амбициите разумно, да презема иницијатива и да ги зграпчува можностите.

Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислите

Со помош на овие осум прашања, откријте дали и вие поседувате висока емоционална интелигенција. Доволно е да одговорите потврдно барем на едно од нив.

1. Дали вообичаено сте свесни за своите чувства и зошто нешто чувствувате?

2. Дали сте свесни за своите ограничувања, но и за силните страни?

3. Дали успевате да се справите добро со своите емоции?

4. Дали лесно прифаќате промени?

5. Дали сте фокусирани на своите главни цели, но и на секој чекор кој ќе ве одведе дотаму?

6. Дали сочувствувате со луѓето со кои комуницирате и го разбирате нивниот начин на доживување на нештата?

7. Дали сте способни да водите преговори кон задоволителен договор?

8. Дали умеете ефективно да ја искористите својата способност за да насочите конструктивно нечие однесување?

Прочитајте ги и овие 5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар