Дали вежбите за нозе имаат директно влијание на здравјето на вашиот мозок?

Постои силна поврзаност помеѓу физичката активност и здравјето на нервниот систем, но оваа област треба уште подлабоко да се истражува, за да се добијат вистински сознанија зошто тоа се случува. Неодамнешна студија ја обработува научно поврзаноста на вежбите за нозе со мозокот, односно што се случува со мозокот, кога движењата со нозете се многу ограничени.

Дали вежбите за нозе го прават вашиот мозок поздрав?

Она што ни е познато е дека на оние кои не можат да ги мрдаат нозете, како што се болни луѓе на кои им е забрането движење или лица со инвалидитет, им слабее мускулната маса, но и густината и јачината на самите коски. Но, научниците, односно авторите на студијата, се запрашале дали тоа некако влијае и на нивниот мозок, односно на целосниот нервен систем.

Најпрво, тие извеле експеримент со лабораториски глувци, на кои им го ограничиле движењето, имобилизирајќи им ги задните нозе, а на другата група им било дозволено слободно да се движат. Истовремено им биле набљудувани мозочните активности, односно субвентрикуларната зона од централниот нервен систем. Кај оние глувци со ограничено движење, забележително било редуцирањето на бројот на нервни клетки во нивните мозоци, но и неможноста овие клетки сами да се обноват.

Претпоставката по студијата е дека движењето на екстремитетите, особено на нозете, праќа сигнали во мозокот кои стимулираат одржување на постоечките, но и создавање нови нервни клетки. Понатаму, научниот тим би сакал да провери дали и кај луѓето се случува истиот процес, а многу претходни студии покажале сличност на биолошките процеси кај луѓето и глувците.

Доколку оваа студија продолжи, тогаш би можела да се најде поврзаност помеѓу последиците од намалената физичка активност, без оглед кои биле причините. Една од авторките на студијата, Рафаела Адами, професор на Универзитетот во Милано, изјавила дека би можело да се докаже дека недостатокот на физичка активност не само што ги заслабнува мускулите, туку и го менува телото на клеточно ниво, вклучувајќи ги и нервните клетки.

Пред да се дојде до поконкретни сознанија, овие податоци можат да ви послужат за да се мотивирате за поголема физичка активност во текот на денот.

Прочитајте ги и овие 7 факти за човечкиот мозок кои неврологијата не може да ги објасни.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар