9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

Луѓето можат да препознаат насмевка на растојание од над 90 метри. Ова е особина што се развивала со цел да можеме да препознаеме дали ни се приближува пријател или непријател. Но, понекогаш е навистина тешко да ги протолкувате насмевките. Тие можат да се користат за покажување, но и за криење чувства. Затоа добро е да можете да го препознаете скриениот мотив зад некои од најпопуларните видови насмевки.

1. Насмевка со затворена уста

9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

Насмевката што ја преферираат политичарите покажува дека личноста знае нешто важно, но не планира да ја сподели тајната. Лесно е да ја препознаете оваа насмевка бидејќи е слична со намерата што ја покажува – можете да ја видите насмевката, но устата е затворена и ги крие забите.

2. Искривена насмевка

9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

Кога некој е збунет, можете да препознаете по неговата насмевка. Едната страна од усните е искривена нагоре што означува дека иднината крие нешто добро. Другата страна е искривена надолу што значи дека не е сè така добро.

3. Присилена насмевка

9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

Има денови кога едноставно не ви е до смеење, но ситуацијата бара да се насмевнете. Или пак можеби некој ви кажува шега и нормално, очекува барем насмевка. Бездушната насмевка што ја покажувате во овие моменти е всушност присилена. Додека вашите усни се обидуваат да изгледаат среќно, вашите очи откриваат како навистина се чувствувате.

4. Вистинска насмевка

9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

Вистинската насмевка е широка и се познава по брчките што сте создаваат околу очите. Со неа ја покажувате вашата среќа. Оваа насмевка е заразна и може да им го подобри расположението на луѓето околу вас.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар