7 знаци дека сте потајно несреќни

7 знаци дека сте потајно несреќни

Понекогаш се случува да мислиме дека сме среќни, но реалноста да е сосема спротивна. Постојат одредени навики и однесувања кои хронично несреќните луѓе постојано ги практикуваат и според нив може многу лесно да се препознаат. Доколку се пронајдете во некои од наредниве знаци, тогаш можеби е време да преземете нешто за себе…

7 знаци дека сте потајно несреќни

1. Вашето основно верување е дека животот е тежок

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок и имаат тенденција да ги надминуваат овие тешки времиња со помош на нивната љубопитност. Тие никогаш не се сметаат за жртви и преземаат одговорност за начинот на кој си ја предизвикале неволјата, а со тоа и полесно наоѓаат начин да се справат со неа.

Од друга страна, несреќните луѓе имаат тенденција постојано да се жалат, се гледаат себе како жртви и се заглавени во ставот „гледајте што ми се случува на мене“ наместо да се обидуваат да најдат решение и да го надминат проблемот.

2. Верувате дека на повеќето луѓе не може да им се верува

Не велиме дека треба да им верувате на сите луѓе и во сите ситуации, но повеќето среќни луѓе веруваат во доброто на луѓето, наместо во тоа дека сите сакаат да ги повредат. Тие се отворени и пријателски настроени кон луѓето кои ги запознаваат.

Несреќните луѓе не им веруваат на новите личности кои влегуваат во нивниот живот и сметаат дека на странците не може да им се верува. За жал, ова однесување полека започнува да ги затвора вратите за комуникација надвор од нивниот круг, а со тоа се намалуваат и шансите за нови пријателства.

3. Се концентрирате на она што е погрешно во овој свет, наместо на она што е добро

Постојат многу лоши работи во овој свет, не мора ни да се спомне тоа, но несреќните луѓе како да забораваат на добрите нешта околу нив. Вие веднаш можете да ги забележите овие луѓе според начинот на кој одговараат за нешто позитивно. Наместо да го поддржат тоа нешто, тие веднаш ќе кажат „да, но…“ и ќе продолжат со објаснување на некоја негативна карактеристика.

Среќните луѓе се свесни за глобалните проблеми, но ја балансираат нивната грижа со признавањето на она што е навистина позитивно. Тие сакаат да ги држат и двете очи отворени, за разлика од несреќните кои го држат само едното око отворено и насочено кон сите застрашувачки работи кои се случуваат.

4. Се споредувате со другите и често чувствувате љубомора

Несреќните луѓе веруваат дека добрата среќа на другите им оневозможува и тие да го искусат истото. Тие веруваат дека околу нив нема ништо добро, па токму затоа константно го споредуваат нивниот живот со животот на другите. Ова однесување води кон љубомора и одбивност.

Среќните луѓе знаат дека добрата среќа кај оние околу нив е еден вид знак за она што и тие се стремат да го постигнат. Среќните луѓе веруваат дека во себе носат нешто уникатно што никој не може да го ископира и/или украде. Тие веруваат во бескрајните можности, а не дека туѓата среќа ги ограничува нивните можности за успех.

5. Се обидувате да го контролирате вашиот живот

Постои разлика помеѓу контрола и тежнеење кон постигнување цели. Среќните луѓе секојдневно, чекор по чекор, ги постигнуваат нивните цели, но сфаќаат дека на крајот од денот имаат многу малку контрола врз она што животот може да го донесе на нивниот пат.

Несреќните луѓе имаат тенденција да се обидуваат да ги контролираат сите можни исходи и целосно се распаѓаат доколку животот им донесе препрека во нивниот план. Клучот се крие во фокусот кон вашите цели, но и прифаќање на можноста дека еден ден сè може да се распадне. Ова е единствениот начин да ги преживувате и најголемите препреки во вашиот живот.

6. Ја полните вашата иднина со грижи и стравови

Среќните луѓе доживуваат страв и грижи, но прават важна разлика помеѓу чувствувањето на овие емоции и живеењето со нив. Кога стравот или грижата ќе се појави во главата на среќна личност, таа веднаш ќе се запраша како да ја спречи оваа ситуација.

Несреќните луѓе имаат мисли во кои преовладуваат сите оние нешта кои би можеле да тргнат наопаку. За разлика од нив, среќните луѓе се впуштаат во здрава доза на илузија каде што си дозволуваат да мечтаат за како би било доколку работите искочат токму онака како што тие ги планирале. Несреќните луѓе имаат тенденција постојано да живеат во грижи и страв.

7. Вашите разговори изобилуваат со озборувања и поплаки

Несреќните луѓе имаат тенденција да живеат во минатото. Она што им се случило во нивниот „тежок“ живот е секогаш прва тема за разговор, а кога ќе немаат што повеќе да кажат, веднаш се насочуваат кон животот на другите луѓе и озборуваат.

Среќните луѓе живеат во сегашноста и сонуваат за иднината. Всушност, вие можете да почувствувате позитивна енергија од нив дури и ако сте на другата страна од просторијата. Тие секогаш се возбудени за нешто, благодарни се за она што го имаат и сонуваат за бескрајните можности во нивниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. jonce Reply

    idiotizam

  2. mitre Reply

    Ova ne e realnosta vo koja ziveeme

Напиши одговор на jonce Откажи одговор