6 почетнички грешки што ги правиме кога ќе купиме нов велосипед

Времето е прекрасно и вие конечно решивте да го замените автомобилот и јавниот превоз со велосипед. Веднаш се впуштивте во акција и го набавивте вашето ново превозно средство. Меѓутоа, сигурно ќе направите некои од следниве почетнички грешки, па затоа добро е да бидете свесни за нив за да можете да ги поправите. Прочитајте за што станува збор…

6 почетнички грешки што ги правиме кога ќе купиме нов велосипед

1. Го местите седиштето премногу ниско

Дали чувствувате болка во колената за време и по возењето? Тоа значи дека вашето седиште е прениско. Ако седиштето е наместено на правилната висина, колената треба да ви бидат малку подвиткани, а стапалото треба благо да ја допира педалата. Ако чувствувате голем отпор на педалите, тоа значи дека треба да го наместите повисоко.

2. Веднаш купувате најскапа опрема

Не мора веднаш да ја купите најскапата кацига и ракавици и дефинитивно не треба веднаш да почнете да размислувате за замена на сегашниот велосипед со најновиот карбонски модел. Можете да најдете добро сочувана опрема на старо за пониска цена, а потоа одвреме-навреме надградувајте се со нови делови.

3. Не го одржувате велосипедот

Треба повремено да го носите велосипедот на сервис за рутински преглед. Така ќе го продолжите неговиот век на траење, а некои работи можете и сами да ги направите. Секоја недела проверувајте ги завртките и затегнатоста на ланецот, а по потреба (на секои 3 месеци) подмачкувајте ги рачните сопирачки.

4. Немате алат за ситни поправки

Мора да го имате предвид фактот дека во секој момент може да ви се дупне или издиши гумата. Поради тоа, пожелно е да имате сѐ што ви треба за брзи поправки. Кога ќе одите да купите велосипед, задолжително инвестирајте и во кутија со алат.

5. Премногу се возите

По само неколку успешни возења низ градот, се одлучивте за авантуристички викенд во природа и планирате да патувате со велосипед. Време е да ставите кочница за да не се префорсирате. Почнете бавно и дајте му време на вашето тело да се прилагоди на возењето на подолги стази.

6. Не правите паузи во текот на долгото возење

Кога ќе бидете во форма и ќе почнете да возите на подолги стази, не заборавајте дека треба да правите паузи во текот на возењето и да ја одржувате енергијата со помош на храна и течности. Професионалните велосипедисти се навикнати да јадат и пијат за време на возењето, но за почетниците најдобро е да направат пауза. Ако возите подолго од 2 часа, задолжително треба јадете нешто по првите 45 минути возење и да продолжите со мали ужини на секои 20 минути.

Доколку и вие сте решиле да го замените автомобилот, прочитајте кои се придобивките од одењето со велосипед на работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар