6 нешта што никогаш нема да ги кажете доколку сте задоволни од вашата врска

6 нешта што никогаш нема да ги кажете доколку сте задоволни од вашата врска

Можеби барате начин да го оправдате незадоволството во вашата врска. Можеби се држите подалеку од партнерот бидејќи ви е страв од интимност или предавство. Без разлика која е причината, доколку сте незадоволни од врската голема е веројатноста да делите некое од следниве мислења. Овие мисли нема да ги слушнете од луѓе кои се задоволни и среќни во нивната врска.

6 нешта што никогаш нема да ги кажете доколку сте задоволни од вашата врска

1. Нормално е да престане возбудата

Почетната страст брзо минува и треба да помине. Но нереално е и да очекувате нештата да останат удобни, да се воспостави рутина и да нема никакви драми и конфликти. Ако сакате однос без проблеми, нереални сте. Ако сметате дека страста и чувствата кон партнерот носат проблеми кои сакате да ги избегнете, тогаш чувствувате страв.

2. Поважно е да бидете практични наместо среќни

Доколку верувате во ова, тоа значи дека ги жртвувате чувствата и останувате во врска поради некој интерес. Можеби немате за што да му замерите на партнерот – тој е добар, вреден, ве сака… Но проблемот е што не ви се допаѓа, досадно ви е со него, немате заеднички интереси и само го трпите интимниот однос. Причината за којашто сте во врска е сосема практична, но ако целиот живот верувате дека не треба да го слушате вашето срце и ако не размислувате дали партнерот заслужува некој што вистински ќе го сака, животот ќе ве тера одново и одново да се обидете да сфатите што е навистина важно.

3. И двајцата работите многу

Нормално е, возрасни сте и имате работа. Но ако не наоѓате време еден за друг, тогаш не само што сте изложени на повеќе стрес, туку и вашата работа ви е поважна од партнерот. Можеби и на двајцата ви одговара тоа – имате некого, не сте сами и можете да кажете дека водите нормален живот. Но ако во врската не ја вложувате истата енергија како и во работата, понекогаш ќе заборавате дека сте во врска и ќе живеете како да сте сами. Врската нема самата да се одржува и наскоро ќе се распадне. Со текот на времето некој од вас ќе почувствува потреба за подлабок однос и ќе си замине.

4. Не сакате да го вознемирувате партнерот со вашите проблеми

Не е добро да бидете зависни од партнерот и да не можете сами да ги решите проблемите. Но исто така не е добро ни кога од него ги криете вашите грижи и проблеми. Можеби не очекувате поддршка бидејќи имате лошо искуство и мислите дека самите треба да водите сметка за себе. Но доколку не можете да му ги доверите проблемите на партнерот, најверојатно вашиот однос не е во ред.

5. Му верувате на партнерот, но не и на другите покрај него

Ова најчесто го мислат љубоморните и несигурните личности кои мислат дека нивниот партнер е во нивна сопственост и треба да го бранат и да го чуваат. Најчесто веруваат дека нивниот партнер не може самиот да се грижи за себе. Можеби вашиот партнер навистина е привлечен, но ако не можете да му верувате само ќе го влошите вашиот однос. Важно е да знаете дека неговиот избор сте вие, исто како што и вие сте го избрале него. Како што вам никој не може да ве украде од него, истото важи и за партнерот.

6. Понекогаш мора да бидете себични

Ова е само оправдување за сопствената себичност која инаку не би ја толерирале кај партнерот. Навистина е тешко да се поднесе себичноста, па во врската треба да научите да правите компромис, а не да мислите само на себе. Кога од партнерот очекувате и барате да ве стави на прво место, а вие не го правите истото за него, можеби во прашање е некоја несигурност и потреба од туѓо признание. Ова никогаш нема да ви донесе задоволство во врската.

Погледнете и како да препознаете дали караниците во врската се знак дека треба да раскинете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар