Како да препознаете дали караниците во љубовната врска се знак дека треба да раскинете?

Како да препознаете дали караниците во љубовната врска се знак дека треба да раскинете?

Честите караници можат да ги нарушат односите и на најзаљубените парови. Постојаните критики и пасивно-агресивните техники на искажување незадоволство создаваат емотивен хаос во врската и ги разнишуваат темелите врз кои таа е изградена. Факт е дека секој пар понекогаш доаѓа до конфликти и тоа е сосема нормално. Понекогаш караницата е само караница и лесно може да се надмине. Но, во други случаи таа е огромен показател дека нешто не е во ред во врската и дека треба да раскинете.

Како да препознаете дали караниците во љубовната врска се знак дека треба да раскинете?

Па како би можеле да ја препознаете обичната караница од онаа која укажува на тоа дека ѝ дошол крајот на врската? Најпрво, треба да знаете дека не секое карање е лошо. Не треба да се плашите од караниците, бидејќи тие се неизбежен дел од секој меѓучовечки однос. Всушност, карањето може да биде здраво, ако постои добра комуникација меѓу партнерите.

Според докторот Нилу Дардашти, караниците се состојат од два значајни елементи: Содржина и процес. Содржината се однесува на причината за караницата, како на пример зошто постојано одите на местата што ги одбира партнерот или зошто не ги измил садовите. Процесот е поврзан со поттекстот на караницата, односно со она што лежи под површината на очигледната содржина, како во случај кога се чувствувате безначајни, неразбрани и непочитувани.

Доколку за време на караница ви дојде да ставите крај на врската, пред да го преземете тој конечен чекор, смирете се, седнете, погледнете се во очи и оставете го партнерот да зборува. Кога тој ќе заврши, повторете го она што сте го слушнале за да видите дали добро сте се разбрале.

„Ако го сослушате партнерот и го земете предвид она што го кажал, тоа не значи дека се согласувате со неговото мислење. На тој начин, вие остварувате добра комуникација и му давате до знаење на партнерот дека сакате да го сослушате“, објаснува доктор Дардашти.

Најдобриот начин да откриете дали караницата е само караница е ако дознаете дали и двете страни се подготвени да работат на проблемот и да пронајдат соодветно решение. Ако и двајцата партнери се трудат, тоа е знак дека врската не е завршена.

Како да препознаете дали караниците во љубовната врска се знак дека треба да раскинете?

„Ако партнерите никогаш не се караат, или имаат неверојатно многу среќа или не комуницираат како што треба“, додава доктор Дардашти.

Доколку сте седнале и сте го сослушале партнерот, но сепак не сте успеале да најдете решение, можеби треба да размислите која е поентата да останете во врска. Постојат некои знаци на предупредување кои сигнализираат дека не сте еден за друг и дека караницата ќе води кон раскинување. Насилството, употребата на навредливи зборови и омаловажувањето се знаци дека на врската ѝ дошол крајот. Но, ако постои некоја хронична караница која се повторува и никако не можете да најдете решение, постои можност да ја спасите врската ако размислите правилно.

За да одредите дали хроничната караница е причина за раскинување, треба да се запрашате дали се чувствувате лошо кога поминувате време со партнерот. Ако поголемиот дел од времето сте тажни и лути, наместо да бидете среќни и задоволни, тогаш можете да почнете да размислувате околу тоа да ја прекинете врската.

На крајот на краиштата, доколку постојано се навраќате на истиот проблем без да постигнете никаков напредок, решение или промена, а и двајцата веќе немате идеја како да ги надминете потешкотиите што се јавиле во врската, можеби е време да размислите дали воопшто сте среќни заедно.

Сепак, доколку и двајцата подеднакво сакате да најдете решение за проблемот, тогаш дефинитивно вреди да продолжите да се борите за врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар