5 токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

5 токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

Топли џемпери или лесни фустани, спортски хеланки или долна облека за обликување на телото – толку многу работи околу нас се направени од синтетички материјали. И покрај тоа што изгледаат добро и удобно, тие можат да бидат опасни за вашата кожа и за вашето здравје и да доведат до лош мирис на кожата, осип, гадење или уште полоши симптоми. Хемикалиите што ги има во синтетичките материјали не се најдобрите придружници на вашата кожа. Погледнете кои материјали можат да му наштетат на вашето здравје.

1. Полиестер

Пет токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

Полиестерот е еден од најпопуларните и најчесто користените синтетички материјали. И покрај тоа што може да се произведе со мешавина од природни компоненти како што е памукот за да се спречи туткање на облеката, неговото влијание врз вашето здравје може да биде штетно. Кога носите полиестер, вашата кожа тешко дише. Покрај тоа, зголемувањето на телесната температура помага да се ослободат хемикалии од оваа ткаенина кои подоцна се апсорбираат во вашата кожа.

Полиестерот може да предизвика различни проблеми и иритации како осип, чешање, црвенило, егзема или дерматит и поради тоа најдобро е да избегнувате облека и постелнина направена од овој материјал.

2. Рајон (вискоза)

Пет токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

Рајонот е влакно кое е направено од целулоза, а целулозата е хемиски добиена од дрвена пулпа. Не само што е опасен начинот на производство, туку и носењето на овој материјал може да биде опасен за вашето здравје. Вискозата може да испушти токсични материи што можат да предизвикаат гадење, главоболки, повраќање, болка во градите и во мускулите и несоница. Исто така, производството на овој материјал многу ја загадува околината.

3. Најлон

Пет токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

Од најлон се прават чорапи, долна облека, хулахопки и друга секојдневна облека. Овој материјал е издржлив и не е многу скап за производство, па затоа е популарен. Но, најлонот не е најдобриот избор за носење на гола кожа. Облеката направена од најлон не ја апсорбира потта од кожата, а тоа може да предизвика лош мирис и инфекции. Додека е во производство, ткаенината се избелува или се бои со различни хемикалии, па носењето на овој материјал може да предизвика различни иритации.

4. Акрил

Пет токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

Акрилните ткаенини се изработени од акрилонитрил кој е канцероген и мутаген. Изложеноста на оваа супстанција може да предизвика различни проблеми со вашето здравје и различни симптоми како што се главоболка, гадење, вртоглавица, отежнато дишење, слабост на екстремитетите и многу други. Со носење акрилни ткаенини ризикувате вашата кожа да апсорбира дел од акрилонитрилот.

Исто така, производството на акрил е огромна причина за загадување на животната средина.

5. Спандекс, ликра, еластин

Пет токсични материјали што можат да бидат штетни за вашето здравје и што да носите наместо нив

Овие видови материјали се екстремно растегливи и од нив се прави многу тесна облека како спортски градници, хеланки, маици, долна облека за обликување на телото, хулахопки, бикини и др. Како и другите синтетички материјали и овие се направени од штетни хемиски супстанции како што е полиуретанот кој се смета дека е канцероген. Долгото носење на овие ткаенини може да предизвика иритации на кожата.

Кои материјали се безбедни за носење?

Памук. Кожата може да дише и памукот ја апсорбира влажноста од кожата, штити од топлина во лето и од студено во зима и е хипоалергичен и издржлив. Памукот е еден од најдобрите материјали што можете да ги носите за да ѝ биде удобно на вашата кожа.

Мерино волна. Тоа е природен материјал што ја регулира температурата на кожата и не ја губи формата со текот на времето. Мерино волната е мека, лесна и нуди природна УВ-заштита. Волната од алпака може да биде добра алтернатива.

Кашмир. Кашмирот е многу луксузен и скап материјал. За создавање на овој мазен свиленкаст материјал не се користат тешки хемикалии и е неверојатно убаво да го почувствувате на вашата кожа.

Коноп. Овој материјал им служи на луѓето илјадници години и е добро познат по својата сила и издржливост. Конопот е најдобриот природен материјал кога станува збор за обликување и нерастегнување. Исто така, колку повеќе го носите, толку е помек.

Свила. Не само што оваа мека ткаенина има луксузна текстура, туку има и голем број здравствени придобивки. Може да го забави стареењето, да помогне при егзема и астма, има антигабично дејство, може да помогне при избегнување алергии и да го подобри спиењето.

Бамбус. Бамбусот е нова интересна алтернатива на традиционалните природни ткаенини. Текстилот изработен од бамбус е исто толку мек и свилен како и другите природни ткаенини, но овој материјал е и хипоалергичен, ја регулира топлината и кожата може да дише. Може да ja апсорбира влажноста од кожата дури и подобро од памукот и да ве заштити од УВ-зраците како мерино волната. Исто така, бамбусот е биоразградлив.

Лен. Ленените материјали се многу удобни и издржливи. Многу е лесно да ги одржувате и соодветни се за секоја сезона. Како и некои други природни материјали, ленот има хипоалергични својства, ќе се чувствувате дополнително удобно во него и ќе ѝ овозможи на вашата кожа да дише.

Освен овие материјали, прочитајте и за овие штетни производи што треба да престанете да ги користите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар