Брауни колачиња со мармалад од сливи

Брауни колачињата ги има во многу различни верзии, а за денес погледнете го овој рецепт со мармалад од сливи. Вистински есенски десерт!

Брауни со мармалад од сливи

Потребни состојки:

  • 400 грама домашен мармалад од сливи
  • 150 грама темно чоколадо
  • 150 грама шеќер
  • 60 милилитри соино млеко
  • 120 милилитри масло
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 200 грама интегрално пченично брашно
  • 4 лажици какао
  • ¼ лажичка сода бикарбона
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 150 грама боровинки

Начин на подготовка:

Поставете ја рерната на 180 °C. Во сад за печење со димензии 20 x 30 см ставете хартија за печење. Чоколадото топете го една минута во микробранова печка. Посебно измешајте ги соиното млеко, шеќерот, маслото и екстрактот од ванила. Мешајте околу 2 минути.

Брашното, солта и содата измешајте ги заедно. Во смесата додајте го мармаладот од сливи и мешајте уште една минута. Додајте го растопеното чоколадо и мешајте додека не се соединат сите состојки. Смесата ставете ја во тавата за печење, одозгора ставете боровинки и печете 45 минути. Кога десертот ќе биде готов, извадете го од рерна, изладете го и уживајте во вкусот.

Прочитајте го рецептот и за ангелскиот колач – наједноставното слатко волшепство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар