8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Според Комисијата за безбедноста на продукти, дури 33,1 милиони луѓе само во Америка секоја година се изложени на негативните ефекти од продуктите во домаќинството. Без разлика дали станува збор за повреди, смрт или оштетување на имотот, бројките сепак се застрашувачки. Научниците веруваат дека причината најверојатно се разните хемикалии кои се наоѓаат во одредени продукти. Па, погледнете ги секојдневните предмети кои би требало да престанете да ги користите за да го зачувате вашето здравје.

1. Продукти од стиропор

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Сигурно безброј пати имате слушнато дека производите направени од стиропор се лоши за околината. Лошите вести се тоа што стиропорот не му годи ни на нашето здравје. Овој материјал содржи стирен, токсична хемикалија која е поврзана со појавата на рак, проблеми со видот и слухот и оштетување на нервниот систем. Кога користите чинии или чаши од стиропор, хемикалијата влегува во вашето тело.

2. Предмети од пресувано дрво

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Малата дрвена масичка во вашата соба не е толку невина колку што изгледа. Проблемот е што производителите ги составуваат предметите од пресувано дрво и ги лепат со помош на смола којашто содржи уреа-формалдехид и која емитува формалдехид во вашата соба. Колку потопла или повлажна е собата, толку повеќе формалдехид се ослободува. Долгорочното изложување на оваа супстанца може да предизвика проблеми со белите дробови, астма, па дури и рак.

3. Продукти со антибактериски својства

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Вистината е дека многу антибактериски продукти содржат и триклосан. Триклосанот не само што е лош за околината, туку му штети и на вашето здравје. Истражувањата покажале дека продуктите со триклосан, кои можат да бидат и шампони, пасти за заби, па дури и козметика, предизвикуваат рак кај лабораториските глувци. Па, најдобро е да ги читате состојките на продуктот за да се осигурите дека не ја содржи оваа супстанца.

4. Стапчиња против комарци

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Навистина е тешко да си ја замислите топлата летна вечера во дворот без да запалите стапче против комарци. Иако овој изум можеби функционира, не е најдобрата опција за вашето здравје. Научниците откриле дека чадот од овие стапчиња е еднаков на чад од 75-137 цигари. Оваа изложеност не е штетна само за комарците, туку и за луѓето и го зголемува ризикот од појава на разни заболувања на белите дробови.

5. Освежувачи за воздух

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Овие спрејови со пријатен мирис често содржат и терпени и гликолни етери. Втората состојка е позната како токсична хемикалија, а првата создава токсична комбинација кога доаѓа во контакт со озонот од воздухот. Покрај тоа, освежувачите имаат и други хемикалии кои му штетат на здравјето, особено доколку се користат во мали и лошо проветрени простории.

6. Топчиња против молци

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Топчињата против молци се можеби најдобриот начин да ја заштитите облеката од овие инсекти. Сепак, нивното испарување е навистина штетно. Истражувањата покажале дека една од главните состојки на топчињата, парадихлоробензенот, е одговорна за предизвикување рак кај животните. Иако сè уште не е познато влијанието врз здравјето на луѓето, препорачливо е внимателно да ги користите овие топчиња. Некои од овие продукти содржат и хемикалија позната како нафталин, којашто ги уништува црвените крвни зрнца доколку сте изложени на неа подолго време.

7. Козметички продукти

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Изметот од лилјаци во вашата маскара не е најстрашното нешто што ќе го најдете во козметичките продукти . Фталатите, познати и како пластификатори, можат да предизвикаат проблеми со репродуктивните органи кај животните, што значи дека заканата постои и за луѓето. Овие хемикалии им даваат убава боја и миризба на продуктите за убавина и се наоѓаат во дезодоранси, шампони и спрејови за коса. Понекогаш се наоѓаат и во завесите за бања. Па најдобро е внимателно да ги проверувате состојките на продуктите што ги купувате.

8. Миризливи стапчиња

8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

Исто како и стапчињата за комарци, чадот од миризливите стапчиња има штетни состојки кои негативно влијаат врз нашето здравје. Тие можат да бидат причина за астма и други заболувања на белите дробови, па дури и за рак. Затоа бидете внимателни со што било што гори и што емитува чад, бидејќи овие продукти имаат директно влијание на респираторниот систем.

Погледнете некои од најсмртоносните производи за жени кои се појавиле на пазарот во 20-ти век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар