Кампања го покажува телото на жените после бременост за да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

Кампања го покажува телото на жените после бременост за да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

Рекламите можат да ви дадат погрешна слика за тоа како изгледа женското тело после бременоста. Но британскиот бренд за малопродажба Mothercare решил да ги предизвика овие верувања, со кампања која го слави женското тело после бременоста.

Британската фотографка Софи Мајен направила неверојатни фотографии од жени со сите форми, големини и бои, кои гордо ги покажуваат нивните тела после бременоста.

„Сакавме фотографиите да изгледаат автентично и искрено и сакавме да ја документираме разновидноста на мајчинството. Има многу маргинализирани тела кои не ги гледаме во медиумите“, изјавила Софи.

Софи била природен избор за оваа кампања бидејќи во 2017-та година изјавила дека веќе нема дигитално да ја менува кожата на нејзините фотографии. Фотографиите од кампањата сега се наоѓаат во над 30 метро станици во Лондон.

Елеанор, 14 недели после породување

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Инспирацијата да бидам дел од овој проект е да им покажам на оние околу нас дека стриите и дебелеењето не нè дефинираат и дека треба да ја прифатиме нашата сила и убавина. Јас сум млада мајка со многу влијателни луѓе околу мене и заедно можеме да ја видиме убавината на мајчинството. Отсекогаш сум го сакала моето тело без разлика на сè и пријателите ми се восхитуваат за тоа. Пред бременоста имав убави облини и кожата ми беше мазна. За време на бременоста моето тело драстично се промени, и не мислам само на тежината, туку и на моите гради и кожа, на начин кој не се смета за убав. Гледав луѓе на социјалните мрежи кои брзо ѝ се враќаа на тежината која ја имале пред бременоста, па чувствував притисок и јас да го направам тоа. Ми беше тешко да го гледам моето тело на истиот начин, но како што минуваат деновите, се доближувам до тоа. Не очекував олку да ми се промени телото, но дефинитивно би го повторила ова.“

Нарди, 20 недели после породување

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Да се биде голема мајка е благослов и навистина е неверојатно колку се промени моето тело во изминативе 7 години. Напорната работа да одгледате мал човек, а потоа да се вратите во нормална функција заслужува славење и благодарност кон моето тело. Па, кога слушнав за кампањата бев инспирирана да бидам дел од неа. Не се мерам според она што општеството смета дека е идеално. Мислам дека луѓето треба да им создаваат помалку притисок на мајките да им се вратат на телата пред бременоста и да се грижат за нивното целосно здравје, ментално, емоционално и физички.“

Кесија, 17 недели после породување

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Секогаш знаев дека телото ќе ми биде поразлично после породувањето, но не очекував дека на мојот ум ќе му биде потребно толку долго да се навикне. Никогаш не бев слаба, но се здебелив повеќе отколку што мислев. Многу пријателки имаа бебиња и објавуваа онлајн за нивните тела, и понекогаш се чувствувам разочарано што не си го вратив телото како нив. Знам дека секоја жена е различна и сега не сум толку строга кон себе. Сакав да им покажам на луѓето дека е нормално да изгледаат вака после бременост. Сакав да покажам дека бебето е многу поважно од стриите!“

Шантел, 11 недели после породување

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Всушност, го сакам моето тело. Тоа го направи најневеројатното нешто и затоа го ценам. Сите белези се добредојден потсетник за нашето патување. Бев многу среќна и го имав она што би се нарекло идеална бременост. Најдобриот дел од мајчинството е што можам да го гледам среќното лице на моето бебе секое утро. Го сакам начинот на којшто ме гледа, како да знае колку го сакам.“

Продожува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар