5 тешки искуства кои ја зацврстуваат секоја врска

5 тешки искуства кои ја зацврстуваат секоја врска

Иако е сосема природно да се запрашате какво влијание ќе имаат тешките ситуации и искуства на вашата врска, важно е да знаете дека доколку се соочите со предизвиците заедно, како пар, вашата врска може да стане поцврста од кога било.

5 тешки искуства кои ја зацврстуваат секоја врска

1. Соочување со трагедија

Моменталниот шок поради загубата на блиска личност или болест во семејството може да ве направи да се чувствувате осамено, па затоа е многу важно покрај вас да имате некој кој ќе ви помогне да ја пребродите оваа тешка ситуација. Иако можеби ќе ви биде потребно време да сфатите како да го побарате она што ви е потребно и како да му покажете на вашиот партнер да разбере како најдобро да ви помогне, штом еднаш ќе го пронајдете потребниот ритам, тогаш секогаш кога ќе ви биде тешко ќе наоѓате поддршка во врската.

2. Преселба

Од бескрајното пакување до префрлувањето на товарот (и секако емоционалната тежина), честото селење може да би прилично напорно. И без разлика дали се селите заедно или еден од вас се сели во друг град поради работа или школување, доколку не внимавате можете да почнете да не се поднесувате еден со друг. Но, на крајот сепак тоа искуство може да ви помогне да разберете како вие и вашиот партнер креативно можете да ги решите сите предизвици, а тоа секако е клуч за добра врска.

3. Нова работа

Поголем обем на работа, нов тим колеги, различен пристап кон работата… Префрлањето на ново работно место може да биде стресно и прилично обесхрабрувачко искуство, па затоа потребна ви е дополнителна љубов. Ова е вистинско време да научите како меѓусебно да се поддржувате и охрабрувате.

4. Патувања

Иако спонтаните патувања можат да звучат забавно и примамливо, имајте на ум дека тие можат да бидат и прилично стресни. Патувањето со партнерот ќе ви овозможи да го видите неговото вистинско лице (сите добри и лоши страни). Искористете ги стресните искуства за да научите да поминувате време во тишина (да речеме кога патувате до одредената дестинација) и како да ги одредите меѓусебните приоритети.

5. Недоразбирања

Караниците се вообичаена работа, но само ако имаат фер основа. Сѐ додека не удирате „под појасот“, расправијата околу нешто кое ви значи, ќе ви помогне да дознаете што ви е навистина важно. А „преживувањето“ на караницата ќе ви покаже и на двајцата дека сте подготвени да соработувате и да ги надминете недоразбирањата за да останете заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар