6 нешта кои сите мажи сакаат да ги скријат од жените за време на сексот

6 нешта кои сите мажи сакаат да ги скријат од жените за време на сексот

Да, верувале или не, постојат нешта за време на сексот кои тие не би сакале да ги забележите. Токму затоа и се обидуваат што е можно повеќе да ги скријат, а со тоа и да ја одржат својата самодоверба во креветот на повисоко ниво.

6 нешта кои сите мажи сакаат да ги скријат од жените за време на сексот

1. Неговиот израз на лицето за време на оргазмот

Токму затоа и во овој клучен момент тие имаат навика да го скријат својот лик во вашите гради или врат. Тие се свесни за своите гримаси и покрај тоа што се сосема природна и нормална работа, сепак повеќе би сакале да не ги видите.

2. Интензивниот мирис на пот

Можеби вие не секогаш го забележувате овој мирис, но тој е многу свесен кога се појавува. Токму затоа и најчесто одбира позиции во кој е сигурен дека нема да пристигне и до вашиот нос, со цел да ви овозможи попријатно искуство.

3. Избегнувањето на теретаната кое се познава на неговото тело

Тој сака да ве привлекува онаков каков што е, но тоа не значи и дека вие сте единствените кои мечтаете за затегнато и секси тело. Доколку во последно време не можел да оди во теретана или никогаш ја немал таа навика, тој ќе стори сè за да ги скрие „недостатоците“ од своето тело.

4. Фактот дека силно се труди да не заврши прерано

Околу 50% од траењето на односот, момците со сите сили се трудат да не завршат прерано. Тие сакаат кога најпрво вие ќе доживеете оргазам, а потоа се опуштаат и самите. Прераното завршување е еден од најголемите удари на нивното его.

5. Кога се мачи со откопчување на вашиот градник

Без разлика колку градници имале можност да откопчаат, тие без сомнение се свесни дека постојат најразлични модели, од кои голем дел можат да им направат проблем дури и на најискусните. Токму затоа и секогаш се нервозни кога доаѓа до овој дел.

6. Дека под неговиот кревет се крие брдо неидентификувани објекти

Започнувајќи од нечиста долна облека и празни шишиња, па сè до останатите ситници кои во одреден момент имале друго место во неговата соба. Тоа се случува бидејќи тој најверојатно ги турнал под кревет, без размислување, во истиот момент кога разбрал дека вие ќе дојдете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар