18 работи за коишто вреди да издвоите време

Сите сме презафатени со разни обврски и честопати забораваме да издвоиме време за себе и за нештата што ни причинуваат задоволство. Сепак, постојат некои активности за кои сите би требало најдеме време. Земете длабок воздух и вметнете ги во вашиот распоред следниве 18 работи…

18 работи за коишто вреди да издвоите време

1. Пишувајте рачно. Писма до пријатели, листи за пазарење, неделни цели, пораки за вашиот партнер, честитки и слично. Дигиталната комуникација е едноставна, но постои огромна разлика помеѓу тоа да пратите некому СМС порака во која сте напишале „Те сакам“ и да му го напишете истото на лист хартија и да го ставите веднаш до креветот.

2. Одвојте време за не правење ништо. Понекогаш, бесмислените кафиња и прошетки во паркот се многу корисни. Тие служат за да уживате во времето што го имате.

3. Размислете пред да одговорите. Навикнати сме да бараме одговори веднаш. Некој ќе постави прашање и ние мора веднаш да одговориме. Тоа не се случуваше пред да се појават инстант пораките и коментарите. Знак за вистинска интелигенција и самодоверба е кога човек ќе размисли за поставеното прашање пред да понуди одговор.

4. Згответе си вкусен оброк без никаков повод. Ова ќе ве научи да ја победите потребата од моментално задоволство и ќе ви покаже дека нештата можат да бидат многу поубави ако се направени како што треба.

5. Дотерајте се. Нашминкајте се и облечете се убаво без никаква причина.

6. Читајте книги. Во вистинските книги можете да ставате белешки, да подвлекувате, да го слушате звукот на хартијата кога ќе ги вртите страници и да менувате различни пози додека читате.

7. Јавувајте им се на роднините. Јавувајте им се на членовите од семејството без никаква друга причина освен да ги поздравите и да ги прашате како се.

8. Заборавете на технологијата. Одбегнувајте ја технологијата колку што можете повеќе за да не бидете анксиозни и да не чувствувате дека пропуштате нешто.

9. Поминувајте време со луѓето. Наместо да пиете сами, соберете ги вашите пријатели на вечера и уживајте во долгите разговори. Ова е навика што полека изумира.

18 работи за коишто вреди да издвоите време

10. Грижете се за домот. Чистењето релаксира, а реновирањето и свежите цвеќиња имаат терапевтски моќи.

11. Поминувајте време со деца. Чувајте деца и играјте си со нив. Тие можат да ви откријат многу тајни.

12. Не ги оставајте луѓето да чекаат. Не ги одбегнувајте поканите и барањата само затоа што можете. Давајте одговори навремено.

13. Одржувајте ги врските со луѓето. Луѓето сѐ почесто ги засноваат нивните врски на дигиталната комуникација, но тоа не може да ги одржи пријателствата во живот. Треба да поминувате време заедно и да почувствувате вистинска поврзаност.

14. Слушајте музика. Музиката се претвори во обичен звук во позадина што не го ни забележуваме, но одвреме-навреме треба само да седите, да слушате музика и да не правите ништо друго.

15. Патувајте. Ако не можете да патувате често, барем истражувајте ги местата што секојдневно ги поминувате. Доколку живеете во голем град, сигурно има скриени места што не ни знаете дека постојат е се само неколку улици оддалечени од вас.

16. Грижете се за вашето здравје. Честопати, здравјето и благосостојбата ги ставаме во заден план. Не заборавајте да одвојувате време за себе и да се релаксирате. Во последно време, луѓето мислат дека ако одмораат и дремнуваат, ќе станат здодевни и мрзливи. Но, тоа не е вистина. Одморањето е здраво.

17. Правете планови. Планирајте работи со други луѓе, како на пример вечери, патувања и летни одмори. Секогаш треба да имате нешто што со нетрпение ќе го очекувате.

18. Разговарајте со луѓето во текот на денот. Остварувајте вистинска поврзаност со луѓето околу вас, тоа е многу важно. Исклучувајте ги мобилните кога сте излезени со пријателите и немојте да документирате сѐ што се случува за да го објавите на социјалните мрежи. Не заборавајте дека треба самите да го доживеете искуството, а не да го гледате на фотографии.

Во продолжение прочитајте како да ивестирате време во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар