5-те бои што најдобро им прилегаат на русокосите

Можеби некому ќе му звучи чудно и малку старомодно, но најискрено, постојат одредени бои кои секогаш им прилегале подобро на русокосите, отколку што е случајот со црнките, бринетите… Ова воопшто не е фаворизирање на одредена групација, туку нивниот тен и боја на коса совршено одговараат со одредени бои и нијанси и прават тие да изгледаат совршено. Ако сте русокоса, тогаш веќе најверојатно знаете кои бои најдобро ви прилегаат, но никогаш не е лошо да поминете низ нив уште еднаш.

1. Црвена

2-pastelni-metalik-i-beli-nijansi-5-boi-koi-najdobro-im-prilegaat-na-rusokosite-www.kafepauza.mk_

Постојат многу мислења дека русокосите се позабавни и подоминантни во однос на другите, па со оглед на сето тоа, на нив црвената боја им претставува природно случување, а не нешто кое дополнително би го понеле. Контрастот кој го остваруваат со бојата на косата им дава одличен ефект и една силна, впечатлива појава, поради која црвената боја никако не можеме да ја заобиколиме кога се во прашање девојките со руса коса.

2. Металик

3-pastelni-metalik-i-beli-nijansi-5-boi-koi-najdobro-im-prilegaat-na-rusokosite-www.kafepauza.mk_

Не е важно дали станува збор за металик во златна или во сребрена боја, ниту пак изборот на облеката, туку е важно да ги карактеризира светкав, сјаен, блескав изглед, поради кои ваквите парчиња уште во самиот старт подобро им прилегаат на русокосите. Освен тоа, модната комбинација во оваа боја и нивната коса добиваат еден сосема класичен, а повторно атрактивен изглед.

3. Кралско сина

4-pastelni-metalik-i-beli-nijansi-5-boi-koi-najdobro-im-prilegaat-na-rusokosite-www.kafepauza.mk_

Во суштина, оваа потемна нијанса на сина боја ѝ прилега на секоја жена, без оглед на бојата на косата. Еден од најдобрите контрасти е оваа боја и црвена коса во пакет, но кога ќе погледнеме како совршено и смирено се вклопува со русата коса, едноставно нема да можете да ѝ одолеете.

4. Пастелно розова

5-pastelni-metalik-i-beli-nijansi-5-boi-koi-najdobro-im-prilegaat-na-rusokosite-www.kafepauza.mk_

И не само розовата, туку и сите други пастелни бои совршено им прилегаат на русокосите. Доколку сте русокоса секогаш избирајте пастелни бои кои ќе ви овозможат одличен и атрактивен изглед.

5. Бела

6-pastelni-metalik-i-beli-nijansi-5-boi-koi-najdobro-im-prilegaat-na-rusokosite-www.kafepauza.mk_

Заедно со русата коса, белите модни комбинации даваат отмен, но истовремено и нежен и сосема свеж изглед кој го посакува секоја девојка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар