Водич за „жалење“ за парови

Паровите секогаш имаат поплаки еден за друг. За жал, наместо да ги споделат, тие се свртуваат кон критикување. Доктор Џон Готман открил техника за ефективно жалење и ја поделил на 3 дела. Со малку вежбање и трпение, оваа техника ќе им помогне на паровите да разговараат за нивните проблеми и поплаки без да се повредуваат.

vodich-za-zhalenje-za-parovi-kafepauza.mk

1. Кажете како се чувствувате

Ефективното жалење најдобро се започнува со искажување на вашите чувства. Во овие чувства можат да спаѓаат бес, страв или пак, замор и болка. Грубото започнување на овие разговори секогаш води до критикување и користење на фрази како „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“

2. Зборувајте само за една ситуација

Откако ќе кажете како се чувствувате, наведете ја причината за тоа. Многу поплаки кои паровите ги имаат еден за друг никогаш нема да заминат. Но сè додека не вклучите критикување во вашите поплаки, вашата врска или брак не се во опасност.

3. Предложете решение

На крај, замолете го вашиот партнер да преземе нешто за да се реши проблемот. Користењето на оваа техника не гарантира дека поплаките ќе исчезнат, туку им дава алат на паровите кој можат да го искористат да се пожалат без партнерот да се чувствува критикуван и да има потреба да се одбрани.

Тајната состојка

Многу парови изградиле стабилни врски и покрај нерешените конфликти. Многу од овие парови научиле да се справуваат со овие конфликти користејќи жалење наместо критикување. Но тие исто така имаат и тајна состојка – секогаш се обидуваат да ги поправат своите грешки и со тоа не дозволуваат нивната врска да се натрупа со проблеми.

Паровите кои се задоволни со својата врска немаат недостаток на поплаки. Тие едноставно научиле како да ги споделуваат на мирен начин, па понекогаш користат и хумор за да ја тргнат напнатоста меѓу нив. Ако вашата врска не е ваква, пробајте ја техника за жалење, додајте малку хумор и видете што ќе се случи.

Погледнете и во која категорија на парови спаѓате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар