5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

Дерматолозите најмногу знаат што е најдобро, а што е најлошо за кожата. Во продолжение погледнете ги 5-те продукти за убавина што тие никогаш не би ги ставиле на нивното лице.

5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

1. Продукти со вештачки мирис

Иако во составот на продуктот е означен само како мирис, вештачките мириси можат да предизвикаат иритација на кожата поради адитивите што ги содржат. Дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси. Наместо тоа одбираат продукти со есенцијални масла и екстракти од билки бидејќи се сигурни и имаат благотворни својства за кожата.

2. Продукти со алкохол

Алкохолот е состојка во повеќето продукти за убавина – од оние за нега на коса, до продуктите за нега на кожа. Всушност, токму оваа состојка може да биде причината за вашата сува кожа. За да ја поправите настаната штета добро е да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат делувањето на алкохолот. Побарајте продукти што содржат антиоксиданси, пептиди, хијалуронска киселина и слично.

3. Продукти со масло од лимон

Не сите природни состојки се добри за вашата кожа. Дерматолозите ги избегнуваат продуктите со масло од лимон бидејќи тоа може да ја иритира кожата. Доколку пак ја изложите на сонце може да се предизвикаат силни реакции, но и да се појави хиперпигментација.

4. „Направи сам“ серуми со витамин Ц

Денес многу модни блогерки зборуваат за домашно направениот серум со витамин Ц кој го прават од таблети со овој витамин. Проблемот е што овој облик на витамин Ц тешко продира во кожата. Витаминот Ц е одличен за вашата кожа бидејќи го поттикнува производството на колаген, но само ако е во формула со кој може да продре во кожата. Доколку нанесувате витамин Ц од таблети, тој ќе остане на кожата и ќе ја иритира бидејќи оксидира многу брзо.

5. Продукти за самопотемнување

Овие продукти создаваат хемиска реакција на кожата за која сè уште не се знае дали остава долготрајни последици. Поради ова најдобро е да се прилагодите на природната боја на вашата кожа. Доколку сакате потемен тен, нанесувајте пудра или бронзер на потребните места.

Дознајте и кои се процедурите за убавина што козметичарите никогаш не би ги направиле на себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар