10 начини на кои девојката со големо срце и саркастичен ум љуби поинаку

Кога сте во врска со девојка со големо срце, вие знаете точно со кого си имате работа, но дали истото важи и за онаа со саркастичен ум? И што ако се случи да сте во врска со девојка што ги има и двете? И покрај тоа што можеби таа ви изгледа покомплексна и од рубикова коцка, всушност многу е лесно да ја разберете. Само треба да знаете што значат нејзините дела, и потоа нејзиното присуство во вашиот живот ќе стане бесценето.

1. Таа е брутално искрена

Ако ја прашате неа, таа само го кажува тоа што другите го мислат. И најчесто навистина е во право. Таа го кажува тоа што другите го мислат, без притоа да користи никаков филтер.

2. Но, нејзините дела се нежни

И покрај тоа што го кажува сето она што ѝ паѓа на ум, таа е внимателна со своето однесување. Можеби многу нешта ѝ се случуваат во главата, но нејзиното големо, меко срце секогаш ја одржува приземјена.

3. Да биде ранлива не ѝ е силна страна

И покрај тоа што има големо срце, таа не сака да се чувствува ранлива. Затоа и ќе кажува „остри“ коментари за да си прикрие емоциите. Ова е само затоа што нејзиното големо срце ѝ ја дава способноста да љуби силно, но и да страда силно, доколку е повредена.

4. Може да изгледа како ништо да не допира до неа

Но, вистината е сосема различна. Во текот на некои тешки ситуации, таа ќе прави шеги или саркастични коментари што на прв поглед даваат впечаток дека воопшто не се грижи за тоа што се случува. Вистината е дека многу се грижи, но се справува со емоциите со сарказам.

5. Делува силно, но многу е нежна

Под нејзината силна надворешност, таа има едно од најголемите срца. Таа само го користи нејзиниот надворешен оклоп за да го заштити масивното срце од светот околу неа.

6. Таа е одличен слушател

Една од најневеројатните карактеристики на девојката со големо срце е нејзината способност да ве слуша со полно внимание. Таа секогаш ќе биде тука и кога ќе ви треба рамо за плачење, токму поради нејзиното сочувство.

7. Таа е директна

Ако прави нешто, го прави тоа со добра намера. Токму затоа и ако ве сака, таа ќе се осигури да го знаете тоа. Ако размислува нешто, први ќе дознаете. Нема да мора да ја играте играта на погодување со неа.

8. Таа е лоша девојка со добро срце

Не дозволува никој да ѝ кажува што да прави и ако види некаква неправда или некој што заслужува да биде вратен на своето место, таа нема да се двоуми да го направи тоа. Но, нека не ве залажува овој изглед на „лоша девојка“, бидејќи нејзиното срце е како нежно и деликатно цвеќе. Сепак, за да ја видите оваа страна од неа, таа прво мора да ве пушти во својот живот!

9. Нејзината смисла за хумор е тоа што ја издвојува од другите

Оваа девојка може да насмее секого и во секое време. И токму оваа карактеристика ја прави онаа што е. Таа обожава да се смее и да прави другите околу неа да се смеат, па затоа и како магнет, ги привлекува сите околу неа.

Прочитајте и зошто најдобрата врска во вашиот живот ќе биде онаа со девојка која била повредена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар