5 митови за косата во коишто треба да престанете да верувате

5 митови за косата во коишто треба да престанете да верувате

Благодарение на Интернетот и неговата моќ за брзо ширење информации, без разлика дали се вистинити или лажни, митовите земаат најголем замав досега. Овие верувања се сосема погрешни, но сепак жените веруваат во нив, и поради тоа нивната коса неретко страда. Па, ако сакате подобро да се грижите за вашата коса, погледнете ги следниве 5 митови во кои веднаш да престанете да верувате.

1. Првутот е знак за сува кожа

Верувале или не, првутот се појавува на темето што произведува вишок себум. Па, ако досега сте користеле шампон за сува коса, во обид да се изборите со првутот, ви препорачуваме да го замените со оној што е специјализиран за овој проблем.

2. Подобро е да ја оставите косата сама да се исуши

Иако топлината од фенот може површински да го оштети влакното, ако ја оставите косата сама да исуши, големи се шансите воздухот негативно да влијае на целата структура на влакното, особено ако температурата е пониска. Водата што е во влакното на тој начин подолго останува во него и му прави притисок. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашата коса е да користите комбинација од топло и ладно сушење со фен или да ја оставите самата да се исуши за време на топлите летни денови.

3. Почестото чешлање ја одржува косата поздрава

Честото чешлање може рамномерно да ги распореди природните масла поради коишто косата ќе изгледа поубаво, но ако претерувате со чешлањето, влакната можат и да испукаат.

4. Редовното шишање го забрзува растењето на косата

За жал, ова е далеку од вистината. Косата расте од коренот, а не од врвовите, па со нивното кратење нема воопшто да го забрзате овој процес. Растењето може да се забрза со одредени видови масла, а со редовното шишање ја одржувате уредна и здрава.

5. Седата коса настанува од нервози

За седите влакна се заслужни само гените, и секако, стареењето. Со годините, телото произведува помалку меланин, што резултира со појава на бели влакна. Сепак, тоа што нервозата може да го предизвика, е зголемено опаѓање на косата.

Прочитајте ги и овие 7 митови за бојадисувањето на косата во кои треба да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар