Како да носите чизми до глуждови ако сте ниска девојка?

Ако сте ниски, најверојатно комбинацијата со чизми до глуждови не ви изгледа како добра идеја. Но, не грижете се, бидејќи постои начин како и вие да ги комбинирате и притоа одлично да изгледате. Овој модел чизми се во моментов најпопуларниот есенско-зимски моден додаток и не постои жена што нема барем еден пар во нејзиниот дом. Па, ако сакате да уживате во трендот без визуелно да ги скратите нозете, еве што треба да направите…

1. Превиткајте ги пантолоните

Оваа комбинација изгледа одлично затоа што визуелно ја издолжува вашата нога. Станува збор за трик кој ниските девојки постојано го применуваат за да ги издолжат своите нозе и да си додадат визуелно уште неколку сантиметри на нивната висина.

2. Одберете пократки пантолони

И за ова важи истото правило. Кратките модели на пантолони ќе ја издолжат вашата фигура и ќе ве направат повисоки. Само внимавајте, просторот меѓу пантолоните и чизмите нека не надминува 1 сантиметар.

3. Усогласете ја бојата на пантолоните со чизмите

Можете да ги издолжите вашите нозе и ако одберете модели на пантолони и чизми до глуждови во иста боја. Само внимавајте нијансите да бидат што е можно поблиску и чизмите да не бидат потемни од горниот дел бидејќи тогаш ќе привлечат несакано внимание.

4. Секогаш бирајте високи потпетици

И за крај, без разлика колку сте високи, никогаш нема да згрешите ако одберете чизми до глуждови на високи потпетици. Ако преферирате удобност, слободно одберете помала штикла, а ако не ви пречи висината, одете што повисоко можете!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар