Звучи чудно, но има добра причина: Зошто не треба да се туширате пред првиот љубовен состанок?

Звучи чудно, но има добра причина: Зошто не треба да се туширате пред првиот љубовен состанок?

Имате закажано состанок вечерва и сосема нормално, сакате да се покажете во најдоброто светло? Да, вие слободно можете да се нашминкате и да го облечете тоа во што најдобро се чувствувате, но еден клучен детаљ од вашата подготовка е подобро да се изостави. Верувале или не, станува збор за туширањето.

Иако звучи чудно, науката има добро и логично објаснување. Според научниците, сите ние имаме специфична миризба којашто ѝ предизвикува позитивна или негативна реакција на личноста покрај нас. И тоа е многу добро затоа што нашето тело веднаш препознава кој ни одговара, а кој не. Потта излачува феромони, односно сексуални трансмитери, а токму тие се главните виновници за одбирање на партнерот.

Имајќи го ова на ум, ако веднаш пред излегувањето се избањате, вие ќе ги „избришете“ сите ваши природни миризби, и токму тоа може да води до погрешен впечаток кај личноста со која се состанувате.

Најдобриот совет е да се избањате ноќта пред состанокот, или пак, сабајлето на денот. Ако чувствувате дека ептен морате да се туширате пред самото излегување, тогаш употребете производи што не мирисаат. На овој начин ќе му дозволите на вашето тело да си ја сработи својата работа и ако е компатибилно со мажот од другата страна – тоа веднаш ќе го привлече!

Дознајте и како бојата на карминот што го носите на првиот состанок ги открива вашите љубовни намери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар