Зошто е важно да ги читате броевите на налепниците на овошјето и зеленчукот?

Зошто е важно да ги читате броевите на налепниците на овошјето и зеленчукот?

Веројатно сте забележале дека налепниците на некои овошја и зеленчуци имаат втиснати броеви. Се работи за увезени производи кои на својата етикета содржат многу важна информација.

0-zoshto-e-vazhno-da-gi-chitate-broevite-na-nalepnicite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-kafepauza.mk

На овие налепници е втиснат т.н. PLU код (Price Look Up), според кој лесно може да се одреди на која група припаѓа производот.

Но уште поважно, PLU кодот е всушност број кој првенствено ви кажува на кој начин производот е произведен.

PLU кодот е воведен од Маркетиншката асоцијација за храна и денес е присутен на повеќе од 1.400 видови производи. Овој систем на кодирање е започнат во Америка во 1990 година, а со тек на време се одомаќинил и во Нов Зеланд, како и во повеќето европски земји.

PLU кодот се состои од 4 или 5 бројки.

Него го наоѓаме во облик на мала налепница залепена на секое парче свежо овошје или зеленчук посебно. Благодарение на овој систем од знаци може да се дознае како е производот одгледуван – дали е генетски модифициран, органски произведен или пак одгледуван со помош на хемиски ѓубрива, фунгициди и хербициди.

Овој начин на кодирање, не е пропишан со закони туку е повеќе доброволен. Сѐ повеќе производители, посебно малите кои се занимаваат со производство на органска храна, ја сфаќаат важноста на овие ознаки. Со нивна помош тие полесно може да ги пласираат своите производи до купувачите кои сѐ повеќе сакаат органска храна.

PLU кодовите исто така се користат и за јаткасти плодови, суво овошје, лековити билки и ароми.

2-zoshto-e-vazhno-da-gi-chitate-broevite-na-nalepnicite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-kafepauza.mk

Како да го читате PLU кодот?

1. Ако PLU кодот содржи само 4 бројки, тоа значи дека плодот е одгледан на конвенционален или традиционален начин со употреба на пестициди.

Овие 4 бројки едноставно кажуваат за кој вид плод се работи. На пример, сите банани се означени со бројот 4011, јаболката со 4131, кивито – 4030, портокалите – 3107…

2. Ако PLU кодот содржи 5 бројки и започнува на бројот 8, тоа зборува дека овошјето или зеленчукот е генетски модифицирано.

Се смета дека ГМО храната носи бројни опасности за човековото здравје – може да предизвика неплодност, нарушување на работата на хормоните, дури и тумор.

Генетски модифицираната банана го носи бројот 84011.

1-zoshto-e-vazhno-da-gi-chitate-broevite-na-nalepnicite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-kafepauza.mk

3. Ако PLU кодот содржи 5 бројки и започнува со бројот 9, тоа значи дека плодот е органски одгледуван и не е генетски модифициран.

Така, органската банана го има бројот 94011.

Маркетиншката асоцијација за храна која стои зад овие ознаки објави дека лепилото со кое етикетите се прицврстени за овошјето се јаде. Но, наспроти мислењето на некои, самите налепници не се јадат. Во таа насока, моментално се размислува како во иднина овошјето да се означува со некој друг метод. Засега најатрактивна е идејата за жигосување со природни супстанци како на пр. сок од боровинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Сашо Reply

    Незнам од как ви е ова ама втор пат го читам и прво погледнете ги етикетие на производите што се продаваат кај нас.Тие немаат никаков бар код освен етикета со име на фирма како долче и банана и други глупости.

Напиши одговор на Сашо Откажи одговор