Должината на вашиот палец открива какви сте во љубовните врски

Ако веќе ги проанализиравте малиот прст, показалецот и вашите отпечатоци, на ред е да си погледнете во палецот. Односот на деловите до и од зглобот нагоре крие некои ваши лични особини.

dolzhinata-na-vashiot-palec-otkriva-kakvi-ste-vo-ljubovnite-vrski-kafepauza.mk

A. Ако првата половина од палецот ви е подолга од втората половина

Вие сте верна и страсна личност. Штом се заљубите, целосно се посветувате само на таа личност, па имате тенденција да станете опсесивни. Другите аспекти од вашиот живот како учењето и работата лесно можат да бидат запоставени. Ако на вашиот партнер му треба повеќе време за да ви одговори на пораките или не стапува доволно често во контакт со вас, вие ќе полудите и ќе се обидете да го добиете на телефон ѕвонејќи му повеќе пати. Бидете внимателни, бидејќи ваквото однесување може да го/ја исплаши и да го/ја оттргне од вас.

B. Ако првата и втората половина од палецот ви се со иста должина

Сакате да планирате сѐ и користите специфичен пристап што ви овозможува да ги постигнувате вашите цели. Вие сте смирени и сталожени без разлика што и да се случува. И во однос на љубовта сте исти. Можете објективно да ги процените неговите/нејзините чувства и нема да дозволите да се занесете како резултат на своите емоции. Но, заради вашата смиреност, вие тешко ќе се одлучите да се движите напред во врската со соодветното темпо, најчесто завршувајќи во замрсени односи.

C. Ако втората половина од палецот ви е подолга од првата половина

Вие сте стабилна и доверлива личност за луѓето околу вас. Исто така имате добри набљудувачки вештини. Посветувате многу време да размислувате за нештата и ги правите работите полека. Такви сте и во љубовта. Дури и ако сте тотално „затрескани“ во некого, ќе се воздржите од искажување на своите чувства. Затоа лесно е да ја пропуштите приликата бидејќи премногу сте засегнати од мислењето на другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар