Ужасни тајни на хотелите: Колку често ги чистат собите?

Ужасни тајни на хотелите: Колку често ги чистат собите?

Во првите моменти кога ќе изнајмите соба во хотел, сигурно не помислувате колку луѓе пред вас биле во неа, нити пак какви навики имале тие. Исто така, нивото на хигиена и количината на бактерии воопшто не зависи од бројот на ѕвездички.

0-uzhasni-tajni-na-hotelite-kolku-chesto-gi-chistat-sobite-kafepauza.mk

1. Не употребувајте дрвени плакари

Дрвото е материјал кој бактериите најмногу го сакаат, а воедно е и најтешко да ги отстраните од него. Поголемиот број бактерии доаѓаат заедно со нечистотијата, па затоа по влегување во собата, се препорачува да ја проверите чистотата на подните плочки во тоалетот. Ако тие ви се чинат во ред, најпаметно е куферот да го оставите таму затоа што бањите најтемелно се чистат.

2. Не се чисти доволно често

Темелна дезинфекција на хотелите просечно се прави еднаш во 3 или 4 месеци, а тоа вклучува: проветрување на душекот, перење на мебелот, завесите и тепихот. Со други зборови, голем број луѓе поминуваат низ една соба пред таа да биде вистински исчистена.

3. Проверете ја бравата

Ова веројатно не е првото нешто што гостите го гледаат по влегувањето во собата, но е многу важно поради личната сигурност. Ако изгледа како да е оштетена или провалувана, пожелно е да побарате друга соба. Секако се советува да ставите парче хартија во клучалката за да спречите шпионажа.

4. Мртвите ги одвезуваат директно од хотелот

Смрт на гостин не е толку редок случај. Секако, не е нешто со што еден хотел јавно би се пофалил, па поради тоа телото на починатите се отстранува многу дискретно – најчесто преку лифт за вработени и заден излез. Потоа, собата во која починал гостинот се чисти и дезинфицира за што побрзо да е чисто за следниот гостин, а тоа може да трае и пократко од тоа што мислиме.

5. Персоналот знае да биде суров

Не е необично персоналот да се осветува на „тешките“ гости. Најпознати методи за одмазда се гнасење на четките за заби, замена на клучот од нивната соба и сл. Забележани се и случаи во кои персоналот украл лични нешта. Слугинките најчесто брзаат со чистењето по одјавувањето на гостите и тоа на крај испаѓа многу површно, а после нив никој не ги проверува собите.

6. „Копаат“ по приватни нешта

Оваа навика во поголем број од случаите произлегува од досада. Додека гостите се надвор од собата, вработените со резервни клучеви влегуваат во која било соба и превртуваат по куферите, фиоките и плакарите, а притоа пронаоѓаат сѐ – од љубовни писма до секс играчки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар