Доволна е само една причина поради која треба да го прифатите флертот на работа!

Во врска сте, а флертувате со колега на работа? Не грижете се, не мора да чувствувате грижа на совест затоа што ова „забрането однесување“ всушност може да ви направи добро на врската. Барем така покажуваат резултатите од едно истражување.

0-dovolno-e-samo-edna-prichina-poradi-koja-treba-da-go-prifatite-flertot-na-rabota-kafepauza.mk

Флертувањето на работното место е многу почесто отколку што мислиме, па затоа, научниците водени од тој факт, решиле малку да ги истражат работите. Истражувањето објавено во Магазинот за секс и брачна терапија вршело испитување на 160 жени во долги љубовни врски. 70% од нив признале дека откако се во врска се заљубиле и во некој друг освен во партнерот, а голем дел од нив изјавиле дека тоа бил колега од работа.

Но, наместо да ѝ наштетат на врската, тие заљубувања направиле само добро. Жените кои флертувале со колеги се изјасниле дека нивниот партнер им станал попожелен и дека им се зголемила желбата за секс. Исто така, голем дел рекле дека флертот со друг маж немало никакво негативно влијание на нивната врска.

Според стручњаците флертот на работа може да биде забавен начин да се зачини врската или бракот. Ситуацијата кога жената се чувствува секси додека флертува со колега или кога се погледнува со него е сигурна сѐ додека знаете дека тоа е тоа – само флерт и ништо повеќе од тоа.

Сепак, треба да се внимава затоа што границата меѓу безопасен флерт и нешто повеќе може да биде неверојатно тенка. Ако почнете да чувствувате желба за колегата, значи дека флертот прераснал во нешто повеќе и дека треба да обрнете внимание на својата врска и да пробате да го решите тој проблем за да не го искомплицирате вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар