Убави мисли за љубовта и тоа што не може да се долови со зборови

Убави мисли за љубовта и тоа што не може да се долови со зборови

Велат дека љубовта е најубавото чувство на целиот свет. Го разгорува секој дел од вашето тело, ве остава без здив и прави да се чувствувате како да може да направите сè што ќе замислите. Не е ни чудо што е опеана во многу песни, спомната во многу цитати. А оние најубавите зборови за љубовта се сигурно меѓу следните 20 мисли.

(2)-ubavite-zborovi-za-ljubovta-i-pna-shto-ne-mozhe-da-se-dolovi-so-zborovi-kafepauza.mk

„Знаете дека сте заљубени кога не можете да заспиете бидејќи реалноста е конечно подобра од вашите соништа.“ – Др. Сеус

„Сè што разбирам, разбирам само бидејќи љубам.“ – Лав Толстој

„Откако еднаш ќе почнете да верувате дека заслужувате љубов, никогаш повеќе нема да се помирите да бидете нечиј втор избор.“ – Чарлс Орландо

„Човек може да живее и без среќа ако има љубов.“ – Фјодор Достоевски

„Јас сум повеќе јас кога сум со тебе.“ – Непознат автор

(3)-ubavite-zborovi-za-ljubovta-i-pna-shto-ne-mozhe-da-se-dolovi-so-zborovi-kafepauza.mk

„Најдобрите и најубавите нешта во животот не можат да се видат или слушнат, туку мораат да се почувствуваат со срцето.“ – Хелен Келер

„Сонот кој го сонувате сами е само сон. Сонот кој го сонувате заедно е реалност.“ – Џон Ленон

„Да сакаш е ништо. Да бидеш сакан е нешто. Но, да сакаш и да бидеш сакан е сè.“ – Т. Толис

„Многу луѓе сакаат да се возат со тебе во твојата лимузина, но тоа што вие го сакате е некој кој ќе се вози со вас во автобус кога лимузината ќе се расипе.“ – Опра Винфри

„Срцето го сака тоа што го сака. Во овие работи нема логика. Запознаваш некого, се заљубуваш и тоа е тоа.“ – Вуди Ален

(1)-ubavite-zborovi-za-ljubovta-i-pna-shto-ne-mozhe-da-se-dolovi-so-zborovi-kafepauza.mk

„Попрво би поминал еден живот со тебе отколку да се соочувам со сите векови на животот сам.“ – цитат од филмот „Господар на прстените“

„Кога сфаќаш дека сакаш да го поминеш остатокот од животот со некого, тогаш сакаш остатокот од животот да ти започне што побрзо.“ – цитат од филмот „Кога Хари ја запозна Сали“

„Од допирот на љубовта секој станува поет.“ – Платон

„Љубовта е како војната: лесно започнува, но тешко завршува.“ – Х. Л. Менкен

„Секој човек мора да сака барем една погрешна личност во својот живот за да може навистина да ја цени вистинската.“ – Анонимен автор

(4)-ubavite-zborovi-za-ljubovta-i-pna-shto-ne-mozhe-da-se-dolovi-so-zborovi-kafepauza.mk

„Создадени сме и оформени од оние кои ги сакаме.“ – Гете

„Љубовта е дива сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, нè уништува. Кога се обидуваме да ја заробиме, таа нè заробува нас. Кога се обидуваме да ја разбереме, нè остава изгубени и збунети.“ – Пауло Коелјо

„Знаете дека е во прашање љубов кога посакувате таа личност да биде среќна, дури и кога вие не сте дел од таа среќа.“ – Џулија Робертс

„Бакнежот е прекрасен трик на природата кој има за цел да го прекине говорот кога зборовите се излишни. – Ингрид Бергман

„Подобро да сте љубеле и изгубиле отколку никогаш да не сте љубеле.“ – Оскар Вајлд

„Каде што има љубов, има живот.“ – Махатма Ганди


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Sebehat Reply

    Bi sakla da imate poveke zborovi za lubota

Напиши одговор на Sebehat Откажи одговор