Според методот на Леонардо да Винчи: Наспијте се за само четири часа!

Според методот на Леонардо да Винчи: Наспијте се за само четири часа!

Сонот кој се состои од повеќе фази се поврзува со името на еден од најгенијални ликови во светот на уметноста, Леонардо да Винчи. Бидејќи му било потребно многу време за да ги развие своите идеи, време кое честопати го немал, тој сакал да развие план каде што будните часови ќе ги искористи максимално за работа, а минимално за спиење.

1-spored-metodot-na-leonardo-da-vinchi-naspijte-se-za-samo-chetiri-chasa-www.kafepauza.mk_

Под овој план се подразбирало да го „раздели“ нормалниот период за ноќен одмор на неколку делови, односно фази, па во пракса тоа изгледало како спиење по неколку пати во текот на денот. Па така, да Винчи спиел 15 минути на секои четири часа. Како резултат, тој спиел само по час и половина на ден. Времето кое го заштедил на спиење, тој го искористил за креативна работа. Тој изјавил дека ја користел оваа метода во текот на повеќе години од својот живот, и дека никогаш не се почувствувал уморно.

Познато е дека најпродуктивното време за работа и креативност е поврзано со периодот на сон. Тоа е период каде што капацитетот на една личност за работа е посебно висок. Според оваа техника, прекинувањето на сонот по само 15 минути доведува до зголемување на капацитетот за работа.

Со многу години вежбање и експериментирање од страна на оние кои го следеле неговиот пример, се појавиле најефективните методи на оваа техника.

Метод „Димаксон“ – спиење по половина час, на секои 6 часа.

Метод „Обичен човек“ – ноќно спиење од 3 часа, потоа уште 3 пати по 20 минути во текот на денот.

Метод „Уберман“ – спиење околу 20 минути на секои 4 часа.

Метод „Тесла“ – ноќно спиење од 2 часа, и потоа еднаш попладне околу 20 минути.

Метод „Сиеста“ – ноќно спиење од 5 часа, и час и половина преку ден.

Сепак, треба да имате на ум дека секое тело е различно, а различните типови на повеќефазен сон можеби нема да бидат исти за секого. Експертите предупредуваат дека доколку планирате да преминете на ваков одмор-работа распоред, не возете автомобил и не носете важни одлуки, сè додека не бидете апсолутно сигурни дека недостатокот на сон нема никакви последични ефекти.

Може да се каже дека ваквиот распоред има смисла само во кратки периоди кога имате премногу работа, а не постојано. Сонот е многу драгоцен за нашето тело и ум, и дури само една непреспана ноќ не може да се надополни.

Можеби ќе ве интересира да прочитате и за невообичаените навики на спиење ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар