6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Најчесто, најтешката одлука што треба да ја донесете е дали ќе спиете на грб или на стомак. Но, како спијат народите ширум светот? Интересно е што се открило дека чинот на спиење е силно поврзан со културата, традицијата и навиките на тие народи. Прочитајте за следниве 6 изненадувачки навики на спиење кои се практикуваат ширум светот.

1. Јапонија: Дневна дремка за напредок во кариерата

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Јапонците културната традиција за дремење на работното место ја нарекуваат инемури, што во превод значи „да спиете додека сте присутни“. Оваа практика не е табу тема и всушност покажува дека личноста е уморна од напорната работа. Една причина за ова може да биде тоа што Јапонците спијат најмалку од сите народи во светот, односно само 6 часа и 22 минути во просек.

Дневните дремки можат да го подобрат квалитетот на вашата работа. Истражувањата покажуваат дека дремката ве прави покреативни и повеќе фокусирани.

2. Велика Британија: Без пижами

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Повеќе од една третина од Британците спијат голи. Оваа пракса носи многу придобивки, како подобра регулација на температурата на телото и секако подобро поврзување со вашиот партнер.

3. Австралија: Спиење во група

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Еден научник од Универзитетот во Сиднеј вели дека спиењето во група е „културна привилегија“ во заедниците на Абориџините. Луѓето секогаш спијат во друштво на други луѓе. Креветите или душеците се наместени во редови и колони, така што треба да ги штитат ранливите категории, како децата и старите луѓе. Што значи тие спијат во средината, додека посилните возрасни луѓе спијат на краевите. Мирот што произлегува од чувството на заштита и сплотеност е многу важен за добро да се наспиете.

4. Мексико: Спиење во лулка

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Лулките често се користат во Мексико, а оваа навика потекнува од колонијалните времиња. Многу луѓе ги преферираат лулките пред креветите, но не постои вистински доказ дека спиењето во лулка е подобро.

5. Боцвана и Заир: Без распоред

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Антропологот Керол Вортман вели дека во модерните племиња кои се занимаваат со лов, како што се племето Кунг во Боцвана или Ефе во Заир, спиењето е флуидна состојба. Луѓето од овие племиња спијат кога чувствуваат дека имаат потреба од спиење. Во текот на денот, попладне или навечер, сè зависи од потребите на нивното тело, а не од однапред одредениот период во денот како што се случува со луѓето од поголемиот дел од светот.

Специјалистите за лекови за спиење велат дека кога спиете само кога сте уморни, вие подобро се одморате и ја избегнувате анксиозноста од спиењето.

6. Индонезија: Спиење од страв

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Забележано е дека луѓето од Индонезија често доживуваат нешто кое се нарекува „спиење од страв“. Во стресни ситуации тие инстантно паѓаат во тежок сон, а оваа практика научниците ја сметаат за културолошка придобивка. Индонезијците веруваат дека спиењето го намалува или целосно го ослободува телото од стравот.

Од горните примери можеме да заклучиме дека спиењето не е само биолошка потреба. Тоа е длабоко вкоренето во нашите култури, животен стил и навики. Ако ништо друго, земете пример од овие методи и спијте како што сакате и толку долго колку што ви е потребно за да се наспиете.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар