Сон под море: Погледнете го овој луксузен подводен хотел на Малдивите

Сон под море: Погледнете го овој луксузен подводен хотел на Малдивите

Малдивите сами по себе се дестинација од соништата. На островот каде што трае вечно лето, со прекрасни плажи и тиркизно море, никој не останува рамнодушен. Тука се наоѓа и првиот подводен хотел во светот кој неодамна се отвори на островот Рангали. Наречен Мурака, што во превод значи корал, овој хотел има два ката од кој долниот е сместен на 50 метри под површината на Индискиот Океан. Тука се наоѓа тоалетот и спалната соба, а со оглед на тоа дека сè е стаклено, вие ќе заспиете опкружени со риби и други морски животни, под брановите.

Горниот кат се наоѓа над морето и со долниот кат е поврзан преку лифт. Тука можат да се најдат уште две спални соби, кујна и тоалет, а со оглед на тоа дека и тука сè е стаклено, вие можете да уживате во неверојатниот поглед кон океанот од секоја страна. Напред има и палуба со базен и простор за сончање, а на располагање има и приватна теретана, готвач и батлер.

Вредноста на ова архитектонско чудо е 15 милиони долари, а за едно ноќевање морате да издвоите 50 илјади долари. Меѓутоа хотелот нуди многу повеќе од преспивање. Гостите, покрај тоа што се сместени во голем стаклен аквариум, имаат и целосна приватност. Имено на островот има и приватен хидроавион, како и редовна линија глисери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар